fbpx

Kia Stonic достапен како хибриден и електричен автомобил

Корејскиот производител Kia подготвува уште две верзии на новиот компактен SUV - Stonic, кој беше претставен претходно оваа година

Тоа ќе бидат хибрид и електромобил кој ќе се појават на европскиот пазар во 2018 година, соопштија од компанијата.

Веќе е познато дека хибридниот погон на Stonic ќе се состои од 1,6-литарски бензински мотор и електромотор. Други детали не се доставени. Не е јасно што че донесе целосно електрична верзија – Stonic EV, која ќе излезе неколку месеци по хибридот.

Самиот модел веќе е на пазарот во Европа и ќе биде достапен во неколку верзии. Две од нив имаат атмосферски бензински мотори со волумен од 1,4 и 1,25 литри. Третата ќе се потпира на 1.0-литарски турбодвигател со моќност од 118 КС, која ќе излезе до крајот на оваа година. Новата Kia Stonic е достапна и со дизел агрегат со обем од 1,6 литри и развива 110 КС.
Stonic

Поврзани вести

Back to top button