Кia произведе три милиони автомобили во Европа
Само 12 години по отворање на погоните во Жилина, Словачка, корејскиот бренд го произведе својот тримилионити автомобил во Европа
Јубилејниот автомобил е Kia Ceed во петвратна изведба во GT Line верзија и е наменет за клиент во Исланд. Возилото е опремено со 1.0-литарски бензински турбо мотор (TGDi) со систем за директно вбризгување на горивото, кој развива 120 КС.
Минатата година фабриката во Жилина произведе 335.600 нови автомобили и 539.987 мотори, кои беа извезени во 80 земји низ целиот свет.
Најпопуларниот мотор составуван во фабриката, е 1.7-литарскиот CRDi . Во Жилина, Корејците склопуваат три модели за Европа – сите верзии на Ceed, SUV изведбата Sportage и компактната MPV – Venga. Во 2013 година, во истата фабрика започна производството на спортските модели Сee’d GT и Рro_Cee’d GT.