Кина посакува продажба од еден милион електромобили годишно
Кина воведува промени во правилата со кои се регулираат производните опсези на компаниите присутни на најголемиот автомобилски пазар во светот
Кина воведува промени во правилата со кои се регулираат производните опсези на компаниите присутни на најголемиот автомобилски пазар во светот. Со нив се настојува да се пласираат што повеќе електромобили, кои се во преден план во однос на оние со конвенционални мотори.
Властите во Кина долго време апострофираат дека имаат желба да добијат што е можно повеќе електрични автомобили на пазарот, па овие промени ќе бидат многу важен чекор во таа насока. Всушност, Кина им „наредува“ на повеќето странски компании (Volkswagen, Ford, Toyota…) да продаваат минимален износ на нови електрични автомобили, со промените што ќе стапат на сила од 2019 година. Со нив странските компании се обврзуваат да продаваат најмалку 10% од марката на автомобилот електромобили, а од 2020 година овој процент ќе отскокне на 12%.
Новите правила опфаќаат и други нови стандарди со кои странски компании кои произведуваат во Кина, или увезуваат повеќе од 30.000 „традиционални автомобили“ годишно, а не ги исполнуваат правилата ќе мора да купат „кредити” од државата за да ги покријат своите нееколошки модели или да платат парични казни.
Кина, исто така, влезе во кругот на земји, како Велика Британија и Франција, кои планираат да ја забранат продажбата на нови бензински и дизел автомобили до 2030 година. Властите проценуваат дека овие промени ќе доведат до производство на еден милион или повеќе електрични автомобили годишно, но темпото ќе биде дополнително забрзано, со цел да се вози 200 милиони автомобили кои ќе користат „алтернативна енергија”
Така, пазарот на електрични во Кина наскоро ќе е најскапото место на кое ќе посака присуство секој производител и додека Илон Маск, Nissan и GM, кројат планови за поголеми удели, нивните локални ривали веќе работат под полна пареа. За првите седум месеци од годината најголеми продажба на пазарот на електрични автомобили и plug-in хибриди постигна BYD – 46.855 единици. Beijing Electric Vehicle – поделбата на државната компанија BAIC Motor, која се занимава со електрични возила, достигна до 36.084 продадени парчиња. Во исто време GM регистрира едвај 738 продажба на plug-in хибридниот Velite 5, кој дебитираше на саемот во Шангај, во април.