fbpx

Кина ќе го следи секој автомобил

Кинеските власти имаат намера да ги задолжат производителите во сите нови автомобили да вградуваат чипови за радиофреквенциска идентификација (RFID - Radio Frequency Identification)

Доброволното поставување на маркерите започнува веќе во јули, а од следната година станува задолжително, соопштува The Wall Street Journal. Уредите кои ќе содржат информации за сопственикот, моделот, бојата и еколошката категорија на возилото, ќе се лепат на ветробранското стакло. Мерката нема да влијае на старите автомобили.

За контрола на сообраќајот ќе бидат инсталирани специјални сензори кои ќе ги читаат автоматски информациите зачувани на чип и ќе ја пренесуваат во Министерството за јавна безбедност.

автомобилСпоред властите RFID не само што ќе овозможи поефикасно управување со сообраќајот, туку ќе се олесни пребарувањето на украдени автомобили. Таквата идеја, поддржана од истите аргументи, веќе се употребува во Русија, со вградување на чип во регистарските таблички.

 

Поврзани вести

Back to top button