fbpx

Кинески Silk-FAW го ангажираше поранешниот шеф на Ferrari

Кинескиот автомобилски производител Silk-FAW објави дека го ангажираше поранешниот извршен директор на Ferrari како нов функционер во компанијата

Амедeо Фелиса, некогашниот извршен директор на Ferrari, ќе биде специјален советник на извршниот претседател и член на Советничкиот борд на кинескиот производител Silk-FAW. Оваа вест пристигнува само неколку недели откако го претстави хиперавтомобилот Hongqi S9 на Салонот во Шангај.

Silk-FAW

Фелиса има над 40 години искуство во индустријата на високоперформансни луксузни автомобили, а својата кариера ја започна во Alfa Romeo. Тој ги помина последните 26 години од својата кариера во Ferrari каде беше извршен директор на компанијата од 2008 до 2016 година. Во соопштението кое го објави Silk-FAW, потврдено е дека Фелиса ќе понуди „надгледување на сите елементи“ од бизнис планот на компанијата и ќе игра клучна улога во носењето на Hongqi S9 на пазарот.

„Чест ни е да му посакаме добредојде на Амедео Фелиса во тимот на Silk-FAW. Амедео е еден од најдобрите менаџери во автомобилската индустрија во светот и има репутација за производство на портфолио на автомобили кои поставија стандарди во перформансисте, луксузот и дизајнот. Неговото искуство во Италија ќе биде клучно во растот на нашиот проект“, изјави извршниот претседател на Silk-FAW, Џонатан Крејн.

Hongqi S9 беше прикажан минатиот месец на Слаонот во Шангај и се одликува со турбо V8 мотор и три електромотори кои заеднички испорачуваат 1.400 КС. Од Hongqi велат дека автомобилот ќе може да забрза од нула до „стотка“ за само 1,9 секунди и да достигне максимална брзина од 400 километри на час.

„Навистина сум возбуден што се приклучувам на Silk-FAW тимот. Отсекогаш сум имал страст за перформанси и навистина сум среќен за шансата да работам со Silk-FAW за развој на следната генерација на високоперформансни луксузни автомобили“, изјави Фелиса.

Поврзани вести

Back to top button