Koenigsegg го собори рекордот на Bugatti Chiron
Шведскиот хиперкар Agera RS успеа да го собори рекордот на Chiron за најбрзо забрзување од 0 до 400 km/h
Koenigsegg Agera RS успеа да го собори рекордот на Chiron за најбрзо забрзување од 0 до 400 km/h. Ова достигнување беше остварено на патеката во Папенбург, во Германија, каде што скандинавската машина оствари време од 36,44 сек. Рекордот на Chiron изнесуваше 41,96 секунди.
Koenigsegg Agera RS
Новиот рекордер за сериски автомобили кои не подлежи на никакви специјални надградби е Agera RS, опремен со 5.0, V8 bi-turbo мотор со моќност од 1.176 КС и 1280 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h во овој автомобил трае 2,8 секунди. На супер моделот на Koenigsegg му беа потребни 2.441 метар за да го подобри рекордот на Chiron. Тест-возачот Никлас Лилија достигна брзина од 400 km/h за 26,88 секунди (1.958 метри), потоа застана целосно за 9,56 секунди (483 метри). Додека на поранешниот пилот на F1, Хуан Пабло Монтоја, со Bugatti Chiron му требаа 32,6 секунди за да развие 400 km/h , за потоа да застане за 9,3 секунди. Должината во овој случај изнесуваше 3.112 метри.