fbpx

Koenigsegg Agera RS Refinment е уникат со One:1 шмек

Шведскиот производител на хиперавтомобили Koenigsegg подготви уникатен и единечен примерок на Agera RS наречен Refinment

Иако производството заврши пред неколку години, сопственикот на Agera RS неодамна го испратил својот автомобил назад кај шведскиот производител Koenigsegg за серија унапредувања на моделот. Според Koenigsegg, сопственикот на Agera RS им пристапил есента 2019 година и побарал да го има истиот отвор на хаубата како и One:1 инсталиран на својот хиперавтомобил. Афтермаркет одделот на компанијата со задоволство го прифатил барањето, па дури и понудил и неколку други модификации на автомобилот.

За да ги исполни барањата на својот клиент, Koenigsegg инсталирал целосно нова хауба чиј централен дел е финиширан во карбон. Koenigsegg исто така инсталирал и дополнителен додаток на хаубата инспириран од оној кај One:1. Неколку црни акценти исто така се додадени, вклучително и логоата и беџовите, додека издувниот систем е во Jet црна боја.

Agera RS

Компанијата исто така додала и неколку нови аеро елементи на Agera RS, вклучително и малите предни перки и карбонски заден спојлер кој е целосно активен и контролиран од страна на софтвер во автомобилот (претходниот спојлер не беше толку напреден). Новиот SmartCluster ги заокружува унапредувањата направени на автомобилот, а станува збор за истиот целосно дигитален инструмент кластер кој се користи кај Regera.

Agera RS

Од Koenigsegg не открија колку сопственикот на овој Agera RS платил за да ги добие овие модификации, но сигурни сме дека цената достигнала и шест цифри како ништо.

Поврзани вести

Back to top button