fbpx

Koenigsegg Jesko Absolut ќе биде најбрзиот сериски автомобил

Во шведската автомобилска компанија Koenigsegg се убедени дека нивниот ултраспортски модел Jesko Absolut ќе стигне до 500 километри на час

Првиот чвоек на Koenigsegg, Кристијан фон Кенигсег, потврди дека Jesko Absolut е подготвен за поставување на нов рекорд за максимална брзина кај сериските возила. Швеѓанецот истакна дека најголемиот проблем за Jesko Absolut во овој момент не е ништо што е поврзано со самиот автомобил, туку дека предизвик би можел да претставува само возачот или лошата патека. Кенигсег истакна дека Јеско Абсолут е убедлио најбрзиот автомобил кој досега го направиле и дека верува дека никогаш повеќе нема да се направи ниту еден модел кој ќе може да му парира на потенцијалот на ова возило.

Jesko Absolut се напојува благодарение на фантастичниот twin-turbo 5,0-литарски V8 агрегат кој испорачува 1.280 КС и 1.000 Nm. Но, ако се користи специјалниот бензин Е85, тогаш автомобилот располага со 1.600 КС и 1.500 Nm!

Jesko Absolut

Кристијан фон Кенигсег изјави дека на основа на иницијалните тестови и дигитални мерења востановено е дека Jesko Absolut дефинитивно ќе биде способен за брзина поголема од 500 километри на час. „Не можеме ништо да кажеме за крајните лимити, но веруваме дека може да оствари далеку поголема максимална брзина од 500 километри на час“, изјави Швеѓанецот.

Се уште не се знае кога Koenigsegg ќе го брка рекордот на Bugatti

Стандардниот Koenigsegg Jesko ќе биде опремен со голем заден спојлер, што заедно со адекватните гуми, рамниот под и наменски оптимираната аеродинамика ќе му помогне со неверојатна брзина да минува низ свиоците. Од друга страна, Koenigsegg Jesko Absolut ќе биде дополнително спуштен, а на задниот дел од каросеријата ќе има пар наменски „пераи“ кои ќе го намалат отпорот на воздухот и ќе му овозможи на моторот да го „истурка“ Jesko до вртоглавите и рекордни 500 километри на час.

Jesko Absolut

Кога во Koenigsegg ќе дојдат до моментот да го бркаат рекордот на Bugatti Chiron Super Sport 300+, кој изнесува 490 километри на час, засега се уште не е познато. „Мораме да пронајдеме добар пат, потоа да се договориме со локалните власти, истиот пат да го затвориме и слични процедури. Очекувам тоа да го оствариме за една или две години“, изјави првиот човек на шведската компанија.

Тој не заборави да ја спомене и конкуренцијата, пред се Bugatti. „Сигурен сум дека Bugatti ја оствари брзината која ја замисли. Она што јас се прашувам е дали тоа е истиот автомобил кој ќе го добијат и купувачите, или бил модифициран?“, запраша човекот кој одново ја менува автомобилската индустрија.

Кенигсег потврди дека не се конкуренти само Французите, туку дека тука е и Hennessey како и другите, нови производители на автомобили. „Секогаш е убаво да се биде прв во ваквите предизвици“, заклучи основачот на Koenigsegg.

Поврзани вести

Back to top button