fbpx

Koenigsegg објави серија видеа со мистериозен Jesko прототип

Koenigsegg ги подготвува завршните детали на својот Jesko хиперавтомобил како што се наближува крајот на развојот на нивниот најбрз продукциски модел досега

Во серија видеа објавени на нивниот официјален Instagram профил, шведскиот производител го прикажува камуфлираниот Koenigsegg Jesko како се движи на улиците во близина на фабриката на компанијата во Ангелхолм. Исто така, добиваме можност и за прв пат да го слушнеме звукот на моторот на овој хиперавтомобил.

Koenigsegg за прв пат го претстави Jesko минатата година на Салонот во Женева како наследник на Agera RS. За разлика од хибридниот Regera, кој исто така е во производство, Jesko нема никаква форма на електрификација и е дизајниран да понуди ултимативно возачко искуство како и тркачки перформанси повеќе од било кој друг Koenigsegg модел кој е легален за патиштата.

Jesko се напојува со уникатен 5,0-литарски twin-turbo V8 мотор. Останатите Koenigsegg модели исто така се напојуваат со овој мотор, но погонот на Jesko е уникатен поради тоа што користи flat-plane 180-степено коленесто вратило што му овозможува да достигне до 8.500 вртежи во минута, поради што испорачува звук како ниту еден друг модел на Koenigsegg. Тоа не е се, моторот исто така содржи и турбо полначи кои се конектирани директно до мал електричен компресор кој носи воздух во нив и практично елиминира било какво заостанување на турбото.

Koenigsegg Jesko исто така користи систем на флекс-гориво, што значи дека може да работи со обичен бензин со високи октани или пак, да се полни со Е85. Кога работи на Е85, Kоenigsegg испорачува 1.578 КС и 1.500 Nm максимален вртежен момент.

Kоenigsegg ќе произведе 125 примероци на Jesko, секој со цена од речиси 3 милиони долари без даноци. Испораката на автомобилите ќе започне кон крајот на годината.

https://www.instagram.com/p/CB7z25-J1N_/

Поврзани вести

Back to top button