fbpx

Koenigsegg официјално го претстави моделот Gemera

Шведскиот производител Koenigsegg го претстави својот прв продукциски модел со четири седишта чија максимална брзина изнесува 400 километри на час

Автомобил со четири седишта и хибриден погон не е нешто што асоцира на Koenigsegg, но шведскиот производител го нуди сето тоа во својот нов модел кој го нарекува Mega-GT, а чие име гласи Gemera, чии цени наскоро ќе бидат познати. Ова е првиот автомобил на шведскиот производител кој ќе може да превезува четири возрасни лица и доаѓа со доволен простор за нивниот багаж. Како што е напоменато, станува збор за хибриден автомобил, кој според зборовите на произведувачот „со своите перформанси ги надминува повеќето суперавтомобили со две седишта, како и оние со мотор со внатрешно согорување, но и електричните“.

Koenigsegg Gemera пристигнува со 2,0-литарски трицилиндричен twin-turbo мотор кој во Koenigsegg го нарекуваат Tiny Friendly Giant. Како поддршка за овој мотор тука се три електрични мотори, по еден за напојување на задните тркала, додека третиот се наоѓа на предната осовина. Вкупната моќност на електромоторите изнесува 1.115 КС, на кои се додаваат уште 600 КС при 7.500 вртежи во минута и 600 Nm од TFG моторот. Оваа комбинација испорачува 1.725 КС и 3.500 Nm максимален вртжен момент, што е доволно за овој суперавтомобил со четири седишта да забрза од нула до „стотка“ за 1,9 секунди, а максималната брзина изнесува неверојатни 400 километри на час.

Koenigsegg Gemera

„Ултимативните перформанси досега беа резервирани за светот на двоседите со мошне ограничен простор за багажот, се досега. Gemera е во целост нова категорија на автомобили кој претставува комбинација на екстремен мега автомобил, пространа внатрешност и еколошка освестеност. Ние го нарекуваме Mega-GT“, изјави основачот и директор на Koenigsegg, Кристијан вон Конигсег. Зборот Mega кој го користат во името на новиот автомобил всушност претставува референца која е користена во минатото за да се посочи максималната моќност која е поголема од мегават. Целта на овој автомобил е да може комотно да смести четири патници во него, а притоа автомобилот да има уникатни перформанси. Триметарското меѓуоскино растојание го прави сето ова возможно, а притоа да се задржи архитектурата и средишната поставеност на моторот, додека самиот автомобил има должина од 4,97 метри, широк е 1,99 метри и 1,29 метри висок.

Благодарение на 800-волтната батерија со капацитет од 15 kWh, Gamera може да мине до 50 километри користејќи го само електричниот погон и протоа да достигне брзина од дури 300 километри на час. Моќноста на автомобилот се контролира благодарение на управувањето преку двете осовини, а тука е и torque vectoring системот за распределба на моќта на сите четири тркала.

Koenigsegg ќе ги импресионира заинтересираните купувачи со интересната внатрешност во која се наоѓаат четири држачи за чаши со функција за греење и ладење, предни и задни инфозабавни екрани, предни и задни бежични полначи за телефони, Apple CarPlay, Wi-Fi конективност, тризонски клима-уред, електрични седишта, врвен аудио систем со 11 звучници и уште многу други компоненти.

Шведската компанија ќе произведе само 350 примероци од моделот Gemera.

Поврзани вести

Back to top button