fbpx

Koenigsegg со нова доза фотографии од Gemera и Jesko Absolut

Двата последни суперлуксузни хиперавтомобили на Koenigsegg, Gemera и Jesko се појавија на патеката на шведскиот производител за нова фотосесија

Иако светот е загрозен од пандемијата на коронавирусот и поради тоа се откажуваат секаков вид на манифестации и настани, автомобилските вљубеници имаат шанса да уживаат благодарение на шведскиот производител Koenigsegg, односно суперавтомобилот со четири седишта Gemera и хиперавтомобилот Jesko Absolut, кои својата премиера ја доживеаја на почетокот од март, иако нивната презентација беше закажана за Меѓународниот Салон за автомобили во Женева. Сега, Koenigsegg објави нови фотографии од патеката каде што се наоѓа седиштето на компанијата.

Ако не се откажеше Салонот во Женева, во Koenigsegg ќе имаа полни раце работа, бидејќи во шведската компанија беа подготвени за официјално да ги претстави своите најнови „ѕверки“. И покрај тоа што презентациите се одржаа преку дигитални канали, во Koenigsegg почувствуваа дека останаа должни кон автомобилските вљубеници и се одлучија во ова време на пандемија да ги задоволат потребите на своите фанови со „двојна доза“ автомобилско уживање преку фотографии на нивниот тест полигон.

Koenigsegg

„Предводник“ во оваа галерија е Gemera, поновиот од двата автомобили. Покрај својата необична форма и поради фактот што станува збор за хиперавтомобил со четири седишта за „секојдневна“ употреба, автомобилот има и неверојатна технологија во себе. Неговиот plug-in хибриден систем користи три електрични мотори и трицилиндерски мотор со турбо полнење, кои заедно произведуваат 1.700 КС.

Jesko Absolut исто така е „ѕверски“ автомобил. Целта на Koenigsegg е ова возило да биде најбрзо на светот, а од шведската компанија најавуваат брзина од околу монструозни 480 километри на час. Ваквиот потенцијал доаѓа од истиот twin-turbo V8 мотор со 1.600 КС кој се наоѓа кај „обичниот“ Jesko, но станува збор за автомобил со далеку подобра аеродинамика и автоматска трансмисија која е способна веднаш да ги менува брзините.

Поврзани вести

Back to top button