Викенд тарифа: Kога во Ferrari ќе се исклучат безбедносните системи
Суперспортските модели со погон на задните тркала бараат посебна доза на претпазливост при возење, особено модели како Ferrari 812 Superfast
Безбедносните системи во суперспортските автомобили постојат со причина, а претпазливоста при возењето е од особена важност. Оние кои не се придржуваат до истите можат тоа скапо да го платат. Токму тоа на своја кожа го почувствува еден сопственик на Ferrari 812 Superfast.
Имено, тој одлучил да го снима своето возење низ улиците на Лондон, а од само нему познати причини одличил да ги исклучи безбедносните системи. Така, при пристигнување на еден мост тој „нагази“ на гаста, во момент кога ниту управувачот не му беше во исправена положба. Тоа предизвика занесување на задниот дел, па возачот на Ferrari во секунда загуби контрола и се удри во оградата. Среќа што не „собра“ некој од околу, па белјата да биде поголема.