Кои се градовите со најдобра инфраструктура за електромобилност?
Во листа од 10 градови со најдобра инфраструктура за електричните автомобили има два холандски и три германски градови, а првото место е за Лондон
Лондон е град со најдобра инфраструктура за електрични возила, според анализата на 89 градови, спроведена од Spotahome. Главниот град на Велика Британија доби највисок резултат од 10 поени, поради фактот што се создадени најдобри услови за употреба на електрични автомобили. Второто и третото место во топ 10 го заземаат холандските градови Амстердам (9,63 поени) и Ротердам (8,73 поени).
На оваа листа натаму следат три германски метрополи, Берлин (4-то место, 8,24 поени), Хамбург (5-то, 7,2 поени) и Минхен (9-то, 3,51 поени). Норвешкиот главен град Осло е на шесто место, со само 6,82 поени, иако земјата е водечка по продажба на електрични возила во светот по глава на жител.