fbpx

Кои се најпродаваните електромобили во Европа?

Европскиот автомобилски пазар има нов лидер во продажбата на електромобили, а тоа е Nissan LEAF

За првите пет месеци од годината, по излегување на новото поколение на електриниот модел, се забележува раст од 56% во однос на истиот период лани, или 14.566 единици. Според агенцијата JATO Dynamics на второто место, со подобрување од 6%, до ниво од 13.511 продадени возила, е Renault ZOE, а на трето е електричната верзија на Volkswagen Golf со позитива од 240%, или 8.118 единици.

Во првите 10 на најпродаваните електромобили, во периодот јануари-мај 2018, се BMW i3 (6.941), Tesla Model S (5.745), Smart Fortwo (3.655), Tesla Model X (3.520), Hyundai Ioniq (3.454), Kia Soul (3.174) и Smart Forfour (1.857).

Во автомобилските групи, еден од лидерите на пазарот за автомобили во Европа е Renault-Nissan со пазарен удел од 41 %, што е за 13 отсто подобро од Tesla и Volkswagen, BMW Group е со 10 %, Hyundai-Kia со 9,6 % и тн.

електромобили

Поврзани вести

Back to top button