Кои се најдобрите автомобили за 2018 година според Consumer Reports?
Популарното американско издание Consumer Reports објави листа на Топ 10 најдобри модели за 2018 година, како и 10 компании кои прават најдобри автомобили
Критериумите за ваква класификација се засновани на основните барања- сигурност, задоволството на клиентите и безбедност.
Автомобилите се тестирани од претставници на изданието, кои ги поделиле по класи. Презентацијата за време на тестовите, исто така игра голема улога во објавувањето на конечната оценка. Моделот Toyota Corolla го зазема првото место кај компактните автомобили, бидејќи Consumer Reports го сметаат за „практичен и економичен седан со сигурна и квалитетна опрема”.
Цените на моделот во САД стартува од 18.600 долари. Chevrolet Bolt е определен за најдобар зелен автомобил, а главна заслуга за тоа е големата автономија со едно полнење – 383 километри.
Елекромобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 6,5 секунди, а цената му стартува од 37.496 долари. Клиентот сепак ужива попусти и бонуси, што му овозможува постигнување на цена од 29.995 долари.
Како препорачуваат експертите на Consumer Reports, клиентите кои сакаат нешто луксузно, но достапно со цена, треба да обрнат внимание на Audi A4. Автомобилот го освои првото место во средната класа, каде што конкуренцијата е доста сериозна.
Кај автомобилите со средни димензии на првата позиција се најде Toyota Camry, која успеа да биде подобра од својот голем конкурент Honda Accord.
Изданието го проценува многу високо патното однесување, како и економичноста.
Иако, Chevrolet Impala не е меѓу омилените на американските клиенти модели, според експертите од Consumer Reports, овој автомобил заслужува сериозно внимание. Тој нуди сериозен внатрешен простор и одлични возни својства, а цената почнува од 27.895 долари. Јапонскиот миниван Toyota Sienna има сериозен конкурент – Chrysler Pacifica, кој на свој начин е доволно подобрен, но се уште не успева да излезе на чело во сегментот. Затоа пак Sienna добива доволно поени за однесување на патот, како и за дополнителните систем за погон на четири тркала и поради економичните мотори.
Во последните години Subaru забележа повеќе успеси на пазарот, а најголема заслуга за ова има моделот Forester, кој е определен од Consumer Reports за „најдобар компактен теренец за 2018 година”.
Автомобилот победи во прилично сериозна конкуренција во еден од најконкурентните сегменти на пазарот. Моделот BMW X3 е најдобар компактен луксузен SUV за 2018. „Новото BMW X3 нуди задоволство од возење, удобност, напредни технологии и корисни технологии, обединети во едно” истакнуваат од изданието во образложението за изборот.
Кросоверите со средни димензии се сè повеќе популарни не само во Америка, но и во целиот свет. Затоа од Consumer Reports препорачуваат на клиентите да го испробаат Toyota Highlander, како „просторен, удобен и сигурен”. Кај пикапите на прво место и овој пат е Ford F-150. Ова не е само најдобар модел во овој сегмент, но и е најбараниот. Интересно е дали Chevrolet Silverado и Ram 1500 ќе успеат да се справат некогаш со конкуренцијата на овој пикап.