Кои се најпопуларните автомобили во Германија?

Volkswagen Golf одамна не бил во „тесно“ во Германија, како што беше случајот во мај, а меѓу бестселерите се најде и еден неочекуван модел

Пандемијата на коронавирусот го наруши нашиот стандарден и препознатлив начин на живеење. Автомобилската индустрија не остана имуна на здравствената криза, исто како и регистрацијата на нови автомобили. Во мај 2020 година, всушност се случи еден друг модел да се доближи до неприкосновениот бестселер Volkswagen Golf, кој за само 2.000 продадени модели остана пред својот „предизвикувач“.

Како се случи тоа? Volkswagen не успеа да го достави новиот Golf често и успешно како што тоа го посакуваше и правеше во изминатите години поради технички проблеми. Имено, Fiat Ducato доминира во продажбата на автомобили во Германија, повеќе отколку што доминира Golf на целокупниот пазар. Неверојатни 6.430 нови регистрации забележа италијанското возило во конкуренција на „Германците“. Но, сепак станува збор за комерцијално возило и затоа официјално отпаѓа од Топ 50. Останатото си останува како некогаш. Golf е на првото место, а зад него е Volkswagen Tiguan врз кого има сериозна предност.

По нив следуваат автомобили како Mercedes C-Класа, Volkswagen Passat и VW T-Roc, како и Ford Focus и Opel Corsa. Најголемото изненадување во Топ 10 секако е малиот автомобил Mitsubishi Space Star кој го зазема осмото место. Opel Astra и Škoda Octavia ги комплетираат Top 10.

Британски автомобил со најмногу регистрации во Германија е Mini кој го зазема 18 место, Франција е на 22 место претставувана од страна на Renault Clio. Seat Leon е на 20-тото место како најдобро пласиран „Шпанец“. Највисоко пласниран корејски автомобил е Kia Ceed на 29 место. Италија доаѓа дури на 30-тото место со Fiat 500. Според продажбата, Citroën Jumper би бил на 34-тото место со 1.311 нови регистрации, но ако му беше дозволено да биде дел од „играта“. Сепак, и тука важи „правилото“ за комерцијални возила.

ПозицијаМоделРегистрации
1VW GOLF8,350
2VW TIGUAN3,947
3MERCEDES C CLASS3,148
4VW PASSAT2,928
5VW T-ROC2,777
6FORD FOCUS2,741
7OPEL CORSA2,723
8MITSUBISHI SPACE STAR2,591
9OPEL ASTRA2,535
10SKODA OCTAVIA2,495
11VW POLO2,494
12AUDI A4, S4, RS42,462
13AUDI A3, S3, RS32,285
14AUDI A6, S6, RS62,138
15BMW X32.101
16FORD FIESTA2,090
17MERCEDES E CLASS1,973
18MINI1,853
19VW CADDY1,778
20SEAT LEON1,664
21VW TOURAN1,644
22RENAULT CLIO1,639
23MERCEDES A CLASS1,605
24AUDI Q31,560
25SKODA KAROQ1,538
26VW T-CROSS1,527
27MERCEDES GLC1,504
28VW TRANSPORTER1,494
29KIA CEED1,464
30FIAT 5001,441
31HYUNDAI KONA1,435
32OPEL CROSSLAND X1,372
33BMW 3 SERIES1,329
34SKODA KODIAQ1,278
35RENAULT CAPTUR1,268
35MERCEDES GLE1,268
37MERCEDES CLA CLASS1,248
38SKODA FABIA1,199
39SKODA KAMIQ1,155
40HYUNDAI I 301,142
41SKODA SUPERB1,125
42RENAULT TWINGO1,115
43SEAT ATECA1,104
44BMW 1 SERIES1,091
45FORD PUMA1,082
46HYUNDAI I 201,081
47FORD KUGA1,070
48AUDI Q51,067
49TOYOTA YARIS1,063
50AUDI Q21,052

 

Поврзани вести

Back to top button