Во корист на Volvo: Шведска воведува данок за бензин и дизел автомобили
Секој кој вози автомобил со висока емисија на јаглероден диоксид во Шведска ќе плати повеќе во иднина при неговата регистрација
Овој систем првенствено оди во корист на електрични автомобили, но исто така и plug-in хибриди. На овој начин државата всушност го брани својот сопствен производител на автомобили. Шведска планира значително да ги намали емисиите на јаглерод диоксид од возилата со воведување нови трошоци од 1 јули.
Имено, автомобилите со високи емисии на CO2 ќе плаќаат висока даночна стапка во првите три години по регистрацијата. Од четвртата година натаму, паричната стапка ќе биде поништена, но данокот за овие автомобили ќе биде драстично зголемен од порано. Сличен модел на оданочување веќе постои во Велика Британија.
Целта е јасна: населението мора да се префрли на хибриди и електрични автомобили. Ова е причината зошто овие автомобили добиваат бонус.
Според новиот шведски модел, грам од јаглероден диоксид, над идните граници од 95 g/km, ќе се наплаќа околу 8 евра. Кај возилата со емисии над 140 g/km емисии на CO2 данокот се зголемува на околу 10 евра за грам. Многу економски дизел возила кои досега биле ослободени ќе бидат оданочени во иднина.
Промените нема да влијаат на веќе регистрираните автомобили. Сепак, системот им помага на производителите на големи хибридни изведби или електрични возила, случајно или не, тоа е технологијата на која се фокусира Volvo. Покрај тоа, шведскиот производител веќе ги елиминираше дизел моторите за нови модели и планира целосно да се потпре на електричната мобилност. Со оваа политика, новиот систем во Шведска обезбедува предност за Volvo.