fbpx

Крај на една ера: Bentley го испрати Mulsanne меѓу легендите

Bentley го испраќа моделот Mulsanne во заслужена пензија по произведени околу 7.300 единици во текот на повеќе од една деценија

Со цел да се забележи и прослави ова достигнувањe, Bentley подготви последна специјална едиција наречена Bentley Mulsanne Speed 6.75 Edition by Mulliner, со Rose Gold финиш, а од производната лента се симна и еден од последните модели кој ќе биде испорачан во САД. Bentley ќе произведе уште еден ваков „специјал“, кој ќе биде последниот Mulsanne модел, но од британската компанија не откриваат премногу детали.

„Mulsanne е кулминација на сето она што ние во Bentley го научивме за време на нашите 100 години од производство на најубавите луксузни автомобили во светот. Како перјаница на нашата гама повеќе од една деценија, Mulsanne цврсто го зазеде своето место во историјата на Bentley како вистинска легенда и икона“, изјави извршниот директор на компанијата, Ејдриен Холмарк.

„Бескрајно сум горд на стотиците дизајнери, инженери и мајстори кои го носеа Mulsanne во живот изминатите десетина години. Сега, како што го започнуваме патешествието на Bentley за дефинирање на иднината на одржливата луксузна мобилност преку нашата Beyond100 стратегија, улогата на перјаница во Bentley му преоѓа на новиот Flying Spur“.

Кога станува збор за Mulsanne 6.75 Edition by Mulliner, оваа специјална едиција е ограничена на само 30 примероци и се напојува со легендарниот 6,75-литарски V8 мотор, кој исто така беше „пензиониран“ годинава по повеќе од 60 години служба, а од Bentley направија и неколку суптилни посвети на овој агрегат во самиот автомобил.

Bentley Mulsanne

Надворешноста на овој специјален модел се одликува со елементи на темно мастило како летечкото B, Serenity решетката и завршетоците на издувниот систем, додека 21-инчните петкраки тркала имаат свој уникатен сјаен финиш со сјајни црни детали. Кога станува збор за моторот, издувните цевки ќе бидат офарбани во црно наместо во сребрена боја. Секој мотор ќе има нумерирана плакета која ќе го носи потписот на Ејдриен Холмарк.

Поврзани вести

Back to top button