fbpx

Краток тест Kia Stonic: Задскриени промени

Моделот Kia Stonic e типичен припадник од класата на градски субкомпактни кросеовери. Од самата премиера во летото 2017 година оваа изведба наиде на многу симпатии, а со цел да остане што подолго време конкурентен, по три години компанијата одлучи визуелно да го освежи, технолошки да го модифицира и механички дотера за нова офанзива

Корејците работат во жесток темпо, систематски го надградуваат портфолиото подготвувајќи освежувања на постоечките модели, создавајќи нови генерациски изведби или пак подготвувајќи нови возила кои до сега не биле во опсегот на марката. Еден од нив е и најмалиот кросовер во гамата, моделот Stonic кој доби благо дотерување на брчките и повеќе промени кои не се видливи со голо око.

За престојната моделска година на надворешноста кај Stonic освен промената на светлосните групи во целосни LED склопови кај повисокото ниво на опременост речиси и да не е сменето ништо останато. Ова доаѓа како доказ за добро извршената дизајнерска работа е успешно изведна уште од самиот почеток и дека свежиот, карактерен и младешки изглед е сеуште актрактивен и модерен.

Видливи дизајнерски пресврти на прва не се забележливи ниту во кабинскиот простор. Но, ако погледнете подобро ќе забележите дека екранот за инфозабавниот систем е со поголема дијагонала која сега изнесува 8 инчи, а помеѓу аналогните инструменти пред возачот е поставен 4,2 инчен екран со висока резолуција наменет за информации од патниот компјутер. На управувачот се забележливи нови прекинувачи кои се задолжени за одржување на возилото во коловозна лента, контрола на темпоматот и ограничувањето на брзината,.. наведените системи се стандарден дел од опременоста на ова ниво. Остатокот од амбиентот има добиено поквалитетни материјали, а освежен е и дезенот на седиштата.

Изменет мотор и одлична комбинација со петстепениот менувач

Моторизацијата на моделот кој го имавме на тест беше во облик на 1,2-литарски бензинец со 84 КС и 122 Nm. Агрегатот од неодамна претрпе измени и сега може да се пофали со податокот дека има нов систем за вбризгување на горивото кој го прави поекономичен и подобро балансиран од предходно. Секако и ги исполнува најстрогите Euro 6d-Temp нормативи. Оваа работна единица пред сè е наменета за секојдневна употреба каде што поголемиот дел од километрите ќе се поминат во урбана средина. До израз доаѓа и одлично усогласениот петстепен мануелен менувач што игра голема улога кај потрошувачката која за време на краткото дружење што главно се одвиваше во градски услови не премина ја премина границата од 7,5 л/100 км.

Подвозјето е припремено по примерот на најдобрите модели од класата. Во свиоците држи цврсто, а предниот дел може да побегне единствено ако се претера. Реален компромис, на една страна нуди динамички својства кои за момент ќе ве натераат и поагресивно да влезете во кривините, но од друга страна е удобен и тивок со цел да ги исполни комфорните потреби.

Улогата која Kia му ја има доделено на Stonic умешно ја игра подолг период, со интервенциите кои корејците ги направија му овозможуваат на овој градски кросовер да продолжи дискретно, но доволно впечатливо да делува и во иднина.

Технички податоци за Kia Stonic 1.2 EX Reference1

Работна зафатнина 1.197 cm3
Максимална моќност 84 KC/61,8 kW
Забрзување до 100 км/ч 13,1 секунди
Комбинирана потрошувачка 5,2 л/100 км
Емисија на CO2 118 г/км

Цена на тест моделот 14.950 евра

Поврзани вести

Back to top button