НАСЛОВНАТЕСТОВИ

Краток тест: Nissan Qashqai

Темелно освежен и технички дотеран, новиот Qashqai со најдрастичните промени под моторниот капак ќе се бори да ја поткрепи и зајакне својата позицијата на врвот на листата на најпосакувани кросовери во Европа

Со пионерско деби во сегментот на C-SUV кросоверите, Nissan Qashqai за прв пат се појави на пазарот во 2007 година. Првата генерација на популарниот јапонски модел, за време на своето производство достигна продажба од околу 2 милиони примероци, што претставуваше навистина голем предизвик за идната генерација.

Во 2014 година, во малку поголемо пакување, Nissan го претстави новиот и комплетно ревидиран Qashqai, давајќи му елегантен став, истовремено одржувајќи го стилот на класичен кросовер, со компактни димензии и подигната позиција за возење.

Четири години подоцна, втората генерација на јапонскиот SUV доби и фејслифт третман, кој покрај измените во дизајнот, се карактеризира и со измени во палетата на погонските агрегати, како и со надополнувања на технолошкиот спектар. Овие значајни подобрувања се очекува да ја поткрепат и зајакнат неговата позицијата на врвот на листата на најпосакувани кросовери во Европа.

Премиум динамичен стил

Најзабележителните подобрувања на Qashqai се во неговата надворешност. Одликувајќи се со современиот нов изглед – стилот што Nissan го нарекува премиум динамика, надградбите се видливи од секој агол. Предниот дел е целосно ревидиран, со нов преден браник, “Nissan V-motion” решетка и нова форма на светлата за магла.

Предните фарови се карактеризираат со LED дневни светла, со уникатен светлосен потпис во форма на „бумеранг“, кои се состојат од девет LED диоди, наместо шест. На задната страна, се забележува целосно нов браник, кој придонесува кон посовремен и помодерен облик на Qashqai. Светлосниот потпис е проширен и тука, во задните светлосни уреди, кои добиваат и 3D аеродинамичен елемент.

1 | Nissan 
2 | Qashqai 
 3 | Nissan 

    Квалитет и високо ниво на удобност

    Влијанието на надградбите на Nissan Qashqai се забележува и во кабината. Тие резултираат со највисоки нивоа на квалитет и префинетост, повеќе ориентиран кон возачот и зголемено чувство на целосна контрола. Она што нѐ пречекува уште при самото оторање на возачката врата е панорамскиот стаклен кров и целосно новиот управувач, кој го одразува тековниот дизајнерски јазик на брендот.

    Подобрувања се направени и во насока на инфозабавните системи, каде дигиталното радио DAB е сега стандардно, додека пак NissanConnect добива нов кориснички интерфејс со поприлагоден изглед. Додавањето на BOSE Premium звучниот систем значи зголемување на опсегот на аудио единици во автомобилот, со што се постигнуваат подобри перформанси со зголемена тонска рамнотежа.

    1 | Nissan
    2 | Nissan
    3 | Nissan 
    4 | Nissan 

      Ревидиран погонски спектар

      Со сигурност може да се каже дека најдраматичните измени се во просторот под моторниот капак. На листата на бензинските агрегати, досегашните 1,2 и 1,6 литарски мотори се сега целосно заменети со новиот 1,3 литарскиот турбо мотор, кој е развиен во соработка со алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi и Daimler и ги задоволува WLTP барањата.

      Дизајниран да овозможи намалена горивна потрошувачка и помали CO2 емисии, новиот DIG-T мотор дебитира во моделот на Nissan, а до сега имавме прилика да го видиме под капакот на Renault Kadjar. Со филтер за цврсти честички, интегриран издувен систем, глава со „делта“ цилиндар, вбризгалки со шест влеза и притисок од 250 бари, e-wastegate турбо полнач и компресија до 10,5:1, во Qashqai тој е достапен со две нивоа на моќност.

       

      Со 140 или 160 коњски сили, јапонскиот SUV доаѓа во комбинација со шест-степен рачен или DCT менувач. Како одлична замена за CVT, DCT, односно преносот со двојна спојка за прв пат во моделите на Nissan, дебитира во Qashqai, а има значителен придонес кон непреченото распоредување на моќноста.

      Во поглед на перформансите, послабата верзија на новиот 1,3 литарски мотор е за 25 коњски сили помоќна од претходниот 1,2 литарски мотор, со намалување на потрошувачката и емисијата на CO2.

      Помоќниот пак, односно 160 коњскиот модел е за 3 коњски сили послаб од минатиот 1,6 литарски, но сепак со 20 Nm поголем вртежен момент (260Nm). И кај него постигната е помала горивна потрошувачка и тоа за 0,3 литри на 100 изминати километри.

      1 | Qashqai
      2 | Nissan
      3 | Nissan

        Тестираниот модел беше во изведба со 160 коњски сили и шест-степен рачен менувач, со N-Connecta пакетот на опременост. Она што може да кажеме за вака конфигураниот агрегат е дека рамномерното и линеарното распределување на моќноста навистна доаѓаат до израз, каде високо ниво на бучавост изостанува. Сето ова е постигнато со декларираната просечна потрошувачка од 5,3 литри, односно во реални градски услови Qashqai троши нешто над 7,2 литри на секои 100 изминати километри.

        Новиот Qashqai исто така обезбедува прецизно ракување и управување, со навистина брз одзив, како во урбаната средина, така и на отворен пат. Новите интелигентни технологии за помош при возењето, значително го олеснуваат управувањето и го зголемуваат нивото на безбедност, а најзаслужни за ова се системот за сопирање во непредвидени ситуации и системот за предупредување при ненамерно напуштање на сообраќајна лента.

        Паркирањето и возењето наназад е олеснето со помош на Around View Monitor, кој се состои од 4 камери кои овозможуваат целосен панорамски преглед на околината, со што се олеснуа возењето наназад и паркирањето.

        Атрактивниот Nissan Qashqai сега е дел од промотивна кампања на Аутомотив Груп, а за повеќе информации кликнете овде.

         

        Технички податоци за Nissan Qashqai 1.3 DIG-T 160 Acenta

        мотор Euro VI, бензин, четиритактен, четирицилиндерски, водено ладен, сместен напред надолжно
        работна зафатнина 1.332 см3
        пречник и од 72.2 x 81.3 мм
        степен на компресија 10.5:1
        напојување четири вентили по цилиндар, директно вбризгување, турбо полнач
        максимална моќ 160 KС (119KW) при 5.500 min/-1
        макс. вртежен момент 260Nm при 2.000 min/-1
        трансмисија шест-степен рачен менувач
        потпирање напред MacPherson независен систем, позади независно торзионо потпирање
        сопирачки предни и задни диск сопирачки
        пневматици 215/55 R18
        каросерија SUV со пет врати, пет седишта
        должина х ширина х висина 4.394 x 1.806 x 1.590 mm
        меѓуоскино растојание 2.646 мм
        траги (напред/назад) 1.565/1.560 мм
        тежина 1.435 кг
        максимална тежина 1.870 кг
        багажен капацитет 430 литри
        резервоар 55 литри
        максимална брзина 200 км/час
        забрзување 0-100 km/h 8,9 секунди
        потрошувачка (отворен пат/град/просек) 4,6/6,6/5,3 л/100 км
        емисија на CO2 130 г/км

        Nissan Qashqai во Македонија

        Qashqai 1.3DiG 140 Visia 22.990 евра
        Qashqai 1.3DiG 160 Tekna 29.790 евра
        Qashqai 1.3DiG 160 DCT Acenta 26.690 евра
        Qashqai 1.5dCi 115 N-Connecta 30.190 евра
        Qashqai 1.7 dCi 150 Acenta 29.690 евра
        Qashqai 1.7 dCi 150 Visia 4WD 29.990 евра
        Qashqai 1.7 dCi 150 4WD 36.290 евра

        Повеќе информации во салонот на Аутомотив Груп или на https://www.nissan.mk/.

        Клучни зборови

        Поврзани вести

        Close