fbpx

Краток тест Opel Corsa GS-Line: Миленичка на сите генерации

Шестата генерација на Corsa пристигнува со вешто изведен дизајн, атрактивна внатрешност која е исполнета со многу технологија и практичност, додека под предниот поклопец пакува многу повеќе отколку што се очекува

Во последните четири години германската марка Opel влезе во период на целосна транзиција. Првиот дел се состоеше од припојување кон PSA Group (Peugeot, Citroen и DS Automobiles) за од мај оваа година да стане дел од 6-та по големина автомобилска корпорација во светот.

Компанијата Stellantis покрај веќе споменатите марки во своето портфолио ги вбројува Abarth, Alfa Romeo,  Chrysler, Dodge, Fiat, Fiat Professional, Jeep, Lancia, Maserati, Mopar и RAM.  Во склад со трендот кој го трасира принципалот Opel започнува да дејствува поагресивно и со изменета стратегија на европскиот пазар. Од таа причина улогата на генерален импортер за Македонија е доделена на компанијата Еуроимпекс, која освен во нашата држава од последниот квартал на минатата година е задолжена и за пазарите во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Омилен во сегментот

Сo новата поставеност Opel добива пристап кон модерни и напредни решенија во доменот на автомобилската индустрија, а што е можеби и уште поважно, отворена врата за користење на новоразвиена хибридна и целосно електрична технологија. Палетата е речиси целосно обновена а придодадени се некои потполно нови модели, секако во урбаниот сегмент тука е моделот Corsa кој веќе со децении е еден од омилените преставници во сегментот.

Opel Corsa GS-Line Тест

Првото запознавање со шеста генерација на Corsa го имавме на светската премиера одржана на далматинското крајбрежје во Хрватска (а подоцна и на нашиот Тест), каде што бевме изненадени од умешното сплотување на дизајнот кој се потпира на минатото и го имплементира во модерна, донекаде спортска целина со традиционален германски каратер. Кабината е место во кое доминира новите, се поприсутни технолошки решенија преставени преку 7-инчен екран осетлив на допир и атрактивни декоративни елементи кои го подигаат чувството во внатрешноста на повисоко ниво.

Просторот кој е на располагање потврдува дека особено се внимавало на комодитетот, како на предниот дел така и на задната клупа. Практичноста во мало пакување ја заокружува багажниот простор со зафатнина нешто повеќе од 300 литри. Следно што оди во прилог на Corsa е новите технологии кои до пред некоја година воопшто не ни можеа да се добијат во овој сегмент. Секако, целината се заокружува со новите моторни опции кои се одликуваат со исклучителна моќ од габаритот кој го поседуваат, минимална потрошувачка, како и максимална грижа за околината, особено кај целосно електричната верзија.

Opel Corsa GS-Line Тест

Агилност и динамичност

Ефект кој особено доаѓа до израз во GS-Line изведбата опремена со 1.2 литарскиот бензински агрегат со три цилиндри кој испорачува 100 КС што се покажа како доста агилна опција во секојдневна употреба, со достапна резерва на моќ што и овозможува на Corsa да го прикажe и својот темпераментен  карактер. За тоа секоко свој придонес има влечната сила од 205 Nm и одлично пресметаната мануелна менувачка кутија со 6 степени на пренос. Забрзување до 100 км/ч трае 9,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 188 км/час. Перформансите се дополнети со потрошувачка која во просек изнесуваше 6,1 литри на секои 100 километри, со што влегува во тесниот круг на најекономичните модели во класата.

Corsa опремена со GS-Line пакетот делува соодветно динамично и преставува вистинско уживање при управување, што секако е клучен елемент кај повеќето купувачи при изборот на автомобил од овој тип. Квалитетот кој ги носи во себе покажува дека за забава во возењето секогаш победуваат добро избалансираните карактеристики.(прочитајте го нашиот прв Тест)

Цена на тестираниот модел: 16.990 евра

Работна зафатнина 1.199 cm3
Максимална моќ 100 КС (74 kW)
Максимална брзина 188 км/ч
Забрзување 0-100 км/ч 9,9 секунди
Комбинирана потрошувачка 5,2 л/100 км
Емисија на CO2 98 г/км

Повеќе информации во Opel Македонија или на официјалниот веб-сајт.

Поврзани вести

Back to top button