Купе верзијата на VW Tiguan дебитира следната година?
Се чини дека Volkswagen станува следниот производител, кој планира да ја прошири својата гама на кросовери и SUV со додавање на купе верзија на веќе постоечки модел
Тоа е Tiguan, кој се очекува да добие „слегувачка“ покривна линија следната година.
Информациите сеуште не се официјални, но авторитативното издание Automobile Magazine вели дека неговите информации за оваа тема се од извори блиски на компанијата. Визуелните разлики нема да бидат големи, бидејќи моделот ќе користи пет врати, но багажникот ќе биде многу намален и секако оној купеовски зафат ќе придонесе за многу поспортски дизајн позади. Во внатрешноста, промените ќе бидат уште помалку, односно се ограничени на нови декоративни елементи за контролната табла и страниците на вратите.
Технолошки, машината ќе биде иста како стандардниот Tiguan. Можеби најголемата разлика меѓу двете машини ќе биде суспензијата, бидејќи Tiguan Coupe ќе има многу поспортско поставување на шасијата. Во 2020 година ќе видиме конвертибилна верзија на помалиот T-Roc, кој веќе е официјално потврден од Германците.