Лос Анџелес 2017: Премиера за Volkswagen Tiguan R-Line
Американскaта поделба на Volkswagen на меѓународниот салон во Лос Анџелес одржа премиера на новиот пакет R-Line за Tiguan 2018
Од Volkswagen коментираат дека Tiguan R-Line ќе им предложи на сопствениците подинамична визија, а за тоа ќе помогнат низата промени во надворешноста и внатрешноста на возилото. Во пакетот R-Line за Volkswagen Tiguan 2018 се вклучени 19 или 20-инчни алуминиумски тркала, посебни амблеми, нови предни и задни браници со дифузор, дополнителни заштитници на крилата со основната боја на каросерија, нов патен мултимедијален систем, спортски управувач, црн покрив, челични влошки на педалите и на праговите на вратите.