fbpx

Лос Анџелес 2017: Subaru го претстави новиот SUV модел Ascent

Subaru СORPORATION, го претстави целосно новиот модел Subaru Ascent, исклучително развиен за северноамериканскиот пазар, на салонот во Лос Анџелес

Subaru го разви Ascent, во потрага по нови клиенти, кои посакуваат ваков вид изведби во Северна Америка. Создаден е со внатрешен и надворешен изглед, кој одговара на Dynamic x Solid филозофијата на дизајнот на Subaru. Возилото импресионира со присуство и функционалност на SUV модел со три реда седишта. Токму така, најголемиот модел на Subaru, е достапен во конфигурации со 7 или 8 седишта, со дарежлив внатрешен простор.

Ascent

За да се обезбеди задоволство за целото семејство, моделот нуди подобрени удобности, а исто така и врвни возни својста.

Благодарение на новата платформа, Subaru Global Platform структурната сила е подобрена, бучавата и вибрациите се намалуваат и се применуваат нови технолошки решенија. Кога сме кај технологиите на Subaru треба да се напоменат иновативниот асист состав EyeSight, новината Symmetrical All-Wheel Drive, како и сосема новиот 2.4 литарски 4-цилиндерски Boxer мотор со турбо и директно вбризгување, акко и X-Mode за подобрување на SUV способностите на автомобилот.

1 | Ascent
2 | Ascent

    Целосно новиот Subaru Ascent ќе биде произведен во фабриката во САД, Subaru of Indiana Automotive, Inc. и ќе биде достапен во малопродажбата од почетокот на летото 2018 година.

    Поврзани вести

    Back to top button