Лос Анџелес 2019: Hyundai со преглед на иднината преку Vision T SUV
Концептниот plug-in хибриден концепт има за цел да го изрази глобалниот дизајнерски јазик на брендот, балансирајќи го еко-животниот стил
Освен тоа дека се работи за plug-in хибриден автомобил, компанијата не прецизираше никакви карактеристики поврзани со внатрешност како и погонските системи на концептниот Vision T SUV. Неговиот стајлинг очигледно рефлектира сè што видовме од претходно шпионираните прототипи на Hyundai Tucson 2021, од предната фасција до одредени агли и набори на каросеријата. Секако, производниот Tucson ќе биде значително помалку визуелно агресивен.
„Извршуваме иновативни решенија во дизајнот и додаваме емотивна вредност на нашето искуство во производот преку сензуалниот јазик за дизајн,” рече потпретседателот и шеф на глобалниот дизајн, СангЈап Ли.
Визуелно, скриениот светлосен потпис е позајмен од концептниот Le Fil Rouge, додека параметарскиот воздушен влез е оригинална развојна карактеристика активно влијае на аеродинамиката. Кога е во мирување, решетката е затворена и статична, но штом автомобилот е во движење, секоја поединечна ќелија од дизајнот на решетката се отвора и затвора во пропишана секвенца, создавајќи навистина динамично однесување.
Другите карактеристики на дизајнот кај Vision T SUV вклучуваат големи алуминиумски тркала од сатен хром, темно-портокалови шапи, стаклен покрив, порт за полнење на патничката страна со лизгачки капак и друго. Исто така, бидејќи нема надворешни ретровизори, претпоставуваме дека би користеле камери на ист начин како Audi e-tron.