fbpx

Лос Анџелес 2018: автономниот SUV наречен Vision iNext

Овој концептен SUV модел на BMW има автономност од трето ниво, со што претставува краток приказ на иднината на персоналната мобилност

Шоуто во Лос Анџелес кое се одржува деновиве, претставува одлично место на кое светските автомобилски производители можат да ги промовираат своите нови модели.

Ваквата задача му легна одлично на баварскиот прозиводител, кој големо внимание кај посетителите привлече со претставувањето на својот нов концептен модел, кој преставува автономно SUV возило. Овој концепт го носи името BMW Vision iNext, а има за цел да ни ги прикаже погледите на BMW кон идинината и ниваната визија.

Концептот наликува на X5 пред се со неговата големина, но производителот тврди дека има попространа внатрешност благодарение на електричната специфична архитектура на возилото која доаѓа во супериорно пакување.

inext

Главната визуелна карактеристика на овој концепт на BMW се секако огромните  бубрези во предниот дел. Тие всушност не претставуваат класична решетка туку панел во кој се сместени сензорите на автономниот систем, имајќи во предвид дека електричните возила немат потреба од толкаво ладење.

Дизајнот на внатрешноста е минималистички, со мешање на дрво, ткаенина и метал со дигитални дисплеи.

Во просторот меѓу предните седишта, класичниот наслон за рака е заменет со конзола во стилот на маса, додека пак задната клупа е проектирана за четири патници.

Една од најинтересните и најиновативните карактеристики во овој концептен модел се LED диодите вградени под тапацирот на задната клупа. Нивна задача е да го осветлуваат патот на допирот на вашиот прст, со кој вие управувате со дел од фунцкиите на автомобилот. Така, нацртајте нота за да го активирате радиото, повлечете со прстот по клупата за да ја смените песната или притиснете за да ја промените јачината на звукот.

“Технологијата мора да претставува човечко искуство, а дизајнот го овозможува тоа. Човечка потреба е да имате омилен простор. Овој автомобил може да вози самостојно, а вие мора да и верувате на технологијата”, изјави шефот за дизајн на BMW, Домагој Дукек.

Овој футуристички SUV е напојуван од предно и задно поставени електрични мотори, како и батерии кои се поставени под самиот под на автомобилот.

Од BMW тврдат дека Vision iNext е способен да забрза од 0 до 100 километри на час за околу 4 секунди, нудејќи електричен опсег  од 611 километри.

Кај овој автономен концептен модел постојат два режими на работа: Boost и Ease. Првиот режим ќе го одберете доколку сакате вие да управувате со возилото, така што дигиталните дисплеи ќе бидат фокусирани на возачот. Вториот режим претставува автономен режим, каде управувачот и педалите се повлекуваат и Vision iNext управува сам. Со цел да се овозможи подобра комуникација помеѓу патниците на предните седишта и задната клупа, наслоните за глава истота така се повлекуваат во овој режим на работа.

inext

Секако, овој концептен модел нема да биде достапен на пазарот, но BMW најави дека од 2021 година ќе започне со производство на поблага верзија на Vision iNext во нивната Dingolfing фабрика во Кина.

Поврзани вести

Back to top button