fbpx

Лос Анџелес 2018: Hyundai го претстави новиот Palisade

Потенцијален предводник во SUV серијата на Hyundai, новиот Palisade претставува нивниот најтехнолошки напреден модел до сега

Корејскиот производител оваа година ни ја претстави новата генерација на својот добро познат SUV модел Santa Fe, но со цел да ги задоволи апетитите на сите клиенти, тие овој пат се пофалија со својот нов и уште поголем Palisade.

Новиот корејски SUV има одличен стил и модерен дизајн. Предниот дел се карактеризира со огромна и импресивна каскадна решетка, на чии страни се поставени дво-делни LED фарови. Во задниот дел исто така преовладуваат дво-делни LED фарови кои обезбедуваат карактеристичен светлосен потпис на овој SUV модел.

Големината на возилото доаѓа до израз кога се гледа од страничниот профил, каде масивните лакови над тркалата се надополнети со 20-инчните фелни.

palisade

Во внтрешноста се наоѓаат седум седишта кои придонесуваат за зголемување на практичноста на овој модел.

Совршен за повеќе-члени семејства, Palisade е опремен со дури седум USB-приклучоци, како и шеснаесет држачи за чаши.Кабината е обложена со премиум Nappa кожа, каде се наоѓаат 12,3-инчен дигитален возачки дисплеј, 10,25-инчен инфозабавен екран, Apple CarPlay и Android Auto, Qi безжично полнење, Infinity аудио систем со Clari-Fi и QuantumLogic технологија и можноста за поврзување на два уреди преку Bluetooth во исто време, едниот за мобилна конекција, а другиот за аудио стриминг.

Што се однесува до технологиите, Hyundai се погрижил новиот Palisade да е полн со безбедносни карактеристики и погодности. Така, во него се имплементирани системите како: head-up дисплеј, адаптивен темпомат, систем за интерна комуникација, Stop and Go систем, помош за избегнување напредни и задни удари, систем за детектирање на пешаци, системите за детектирање на т.н. слепа точка, систем за позиционирање и задржување на возилото во лента, асистенција за долго светло, систем за предупредување на возачот при намалено внимание и други.

palisade

Новиот Palisade ќе биде погонуван од 3,8 литарски V6 мотор, кој ќе испорачува моќност од 291 коњски сили и вртежен момент од 355 Nm. Тој ќе доаѓа во комбинација со осум-степен автоматски менувач и ќе биде понуден во варијанти со погон на две или на сите четири тркала. Достапен ќе биде со вообичаените работни режими како Normal, Sport и Smart, плус новоразвиениот Snow режим за лизгави услови.

Овој корејски SUV модел ќе започне со продажба на американскиот пазар кон средината на 2019 година.

 

Поврзани вести

Back to top button