fbpx

Руски модели на Lada ги менуваат ретро-таксите во Хавана

АвтоВАЗ планира враќање на пазарот во социјалистичка Куба, каде за последен пат продаваше автомобили во 2005 година

Компанијата објави дека веќе испратила 344 нови автомобили за Куба – 320 Lada Vesta и 24 каравански Lada Largus Cross – руска верзија на претходната Dacia Logan.

Сите автомобили, нарачани од Кубанците, се во жолта боја и се очекува државата да ги пушти како такси, кои треба да се конкуренција на американските ретро автомобили, кои останаа во главниот град пред доаѓањето на власт на Фидел Кастро. Исто така, некои од автомобилите, ќе бидат внесени во флотите на компании за изнајмување на возила, каде што најпопуларниот бренд е Lada.

Lada VestaКубанскиот пазар за автомобили практично не постои, бидејки државата гo контролира увозот, како на новите, така и на употребуваните возила. Од 1 јануари 2014 година властите сепак дозволија на Кубанците да си купат нови и користени автомобили, но државата се уште ги контролира цените, што доведе до апсурдни понуди за автомобили на старо и скоро никаква промена во однос на стекнување на нови лични автомобили.

Новите модели на Lada се премногу скапи во Куба – помеѓу 14.000 и 20.000 долари чини една Lada Vesta во зависност од опремата. Свртувањето кон Русија за увоз на автомобили беше очекувано од страна на кубанските власти, откако администрацијата на Доналд Трамп е на пат да престане со „затоплувањето на односите“ со Куба, иницирана од неговиот претходник Барак Обама.
Lada Vesta
Според претставници на државното туристичко биро во Куба, ќе биде многу тешко новите автомобили да се изборат со омилените на туристите американски ретро лимузини. Тие сепак одамна немаат ништо заедничко во однос на механиката поради американското ембарго од 1960 година наваму и денес се придвижуваат со секакви мотори, вклучувајки и такви за моторни чамци.

Поради високите цени на новите модели на Lada во Куба, од АвтоВАЗ укажуваат дека дел од овие автомобили ќе бидат службено распределени од власта на заслужни уметници, музичари, државни службеници и лекари. Но, се уште нема потврда од кубанската страна. Русите ја идентификуваа првата група автомобили како „експериментални” и објавија дека планираат да испорачаат повеќе автомобили за Куба во 2018 година.

Поврзани вести

Back to top button