Lamborghini го претстави новиот хибриден Sian Roadster

Lamborghini официјално го претстави новиот Sian Roadster, „топлес“ верзијата на најмоќниот модел на италијанската компанија

Lamborghini Sian Roadster ќе биде произведен во само 19 примероци, но проблемот е што оваа ултра ограничена серија која пристигнува од Сант’Агата не е достапна за продажба, поради тоа што сите примероци се веќе продадени.

Исто како и купе варијантата, Sian Roadster се напојува со 6,5-литарскиот V12 мотор кој пристигнува во комбинација со 48-волтен електромотор, а погонскиот склоп испорачува вкупни 819 КС. Спринтот од нула до „стотка“ се достнува за само 2,9 секунди, додека од Lamborghini истакнуваат дека Sian Roadster може да достигне максимални 350 километри на час.

Од италијанската компанија тврдат дека одредени дизајнерски елементи на новиот Sian Roadster се инспирирани од Countach, вклучително и Periscopio линијата која кулминира со насочувачите за воздух зад возачот и патникот, како и шест хексагонални задни светла.

Новиот Lamborghini Sian Roadster исто така се одликува и со пар аеро крила на задниот дел, како додаток за активните перки направени од патентирани материјали чувствителни на температура, кои реагираат на топлината од издувниот систем, овозможувајќи перките да ротираат и да го ладат моторот.

Sian Roadster

Најмоќниот модел на Lamborghini досега исто така е и првиот хибрид, со електромотор кој испорачува 33 КС и е вграден во менувачот на автомобилот. Истиот му овозможува на автомобилот да функционира исклучиво на струја при ниски брзини.

Sian Roadster

„Иновативниот хибриден систем на Sian ја најавува насоката за супер спортските автомобили на Lamborghini, а Sian Roаdster ја прифаќа желбата за ултимативен лајфстајл Lamborghini како што се движиме кон иднината барајќи нови решенија“, изјави Стефано Доменикали, извршниот директор на Lamborghini.

Инаку, секој примерок од новиот Lamborghini Sian Roadster ќе биде направен по точни спецификации на секој од сопствениците преку Ad Personam одделот за лични прилагодувања на компанијата. Lamborghini нуди бесконечен опсег на бои и финиши, дури и опција секој од купувачите да ги има своите иницијали изгравирани на отворите за воздух преку 3D печатач.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close