Lamborghini Urus доаѓа со шест режими за однесување на патот
Lamborghini понуди ново видео на целосно новиот модел Urus, чија светската премиера се очекува за неколку дена - на 4 декември
Lamborghini понуди ново видео на целосно новиот модел Urus, чија светската премиера се очекува за неколку дена – на 4 декември. Иако со времетраење од само 30 секунди, материјалот ни открива дека моделот, наречен од креаторите како SSUV (Super Sports Utility Vehicle), ќе биде опремен со технологија ANIMA (Adaptive Network Intelligence Management) на Lamborghini, која ветува врвно однесување на патот во различни режими и услови.
Благодарение на ова видео може да се долови исто така и бројот и имињата на поединечните режими на работа, меѓу кои ќе можат да избираат идните сопственици на Urus, во зависност од моментните параметри за управување или коловозот. Од Lamborghini навестија пет основни режима- Strada, Sport, Corsa, Sabbia и Terra, но сега тука е и Neve, кој најверојатно ќе може да биде персонализиран.