fbpx

Lancer дефинитивно ќе се препороди како хибриден кросовер

Mitsubishi ќе го задржи името на еден од најпопуларните модели, но тој ќе се препороди како кросовер со интересен дизајн и најверојатно со хибриден погон

Јапонската марка веќе е дел од Алијансата Renault-Nissan, а од минатата година забележува и сериозен раст во продажбата. Нагорниот тренд се очекува да продолжи, бидејки новиот шеф на Mitsubishi, Тревор Ман и главниот дизајнер Цунехиро Кунимото, ветија цела плејада нови модели – сите SUV возила на марката ќе имаат наследници, а компанијата ќе претстави нов субкомпактен модел и новиот Lancer.

– Ние планираме да ја прошириме во целост нашата гама до 2025 година, изјави за Auto Express, Ман. – Дотогаш ќе ги запознаете наследниците на ASX, Outlander и L200, а потоа – пристигнуваат и новите Pajero и Lancer. Последниот ќе претрпи тотална револуционерна промена и мислиме дека имаме модел кој добро ќе се вклопи во овој сегмент. Ако се обрне внимание, ќе видите дека продажбата на хечбек модели од C сегментот се намалува, има пад во САД и Европа, па и во Кина, но затоа расте драстично понудата на ова поле кај кросоверите. Ова е многу важен сегмент во светот, мислам дека треба да бидеме таму .

Новиот Lancer ќе биде изграден врз платформата на Renault-Nissan, CMF C / D, која овозможува користење на 4×4 и хибриден погонски систем што веќе го има Mitsubishi. Се претпоставува дека хибридниот погонски систем на брендот наскоро ќе се појави во моделите на Renault и Nissan.

Поврзани вести

Back to top button