fbpx

Lancia го најави 10-годишниот план, станува ЕВ бренд до 2028

Италијанската марка го претстави новиот 10-годишен стратешки план според кој до 2028 година треба да претстави три нови модели, по што ќе стане ЕВ бренд

Под капата на Stellantis, Lancia се надева на посветла иднина со повеќе модели во своето портфолио и поголемо меѓународно присуство. Италијанската марка го прави првиот голем чекор со официјалното објавување на новиот 10-годишен стратешки план, кој ќе започне во 2024 година со лансирањето на следната генерација на Ypsilon. Кулминацијата на овој нов бизнис план ќе биде во 2028 година кога Lancia во својата постава ќе има исклучиво чисто електрични возила.

Новиот Ypsilon ќе биде првиот модел од новата генерација на марката, кој ќе биде лансиран во 2024 година со целосно електрифицирана палета на мотори. Најмалото возило на Lancia во линијата ќе биде долго околу 4,0 метри и ќе продолжи да се позиционира во европскиот Б-сегмент. Во плановите е и целосно електрична варијанта.

Две години подоцна, во 2026 марката ќе го открие својот нов знаменосец, кросовер модел со должина од 4,6 метри за кој се верува дека ќе се вика Aurelia. Компанијата вели дека ќе влезе во најголемиот сегмент во Европа.

Од 2028 само целосно електрични возила

Потоа, во 2028 година следува конечното обновување на култната Delta како „извајан и мускулест автомобил со геометриски линии“, што веројатно значи дека ќе ја задржи оригиналната хечбек форма. Ова ново возило ќе биде долго 4,4 метри и ќе биде дизајнирано да „ги привлече автомобилските ентузијасти низ цела Европа“. Овие три нови модели ќе покриваат приближно 50 проценти од пазарот на европскиот континент, се надева Lancia.

Lancia

10-годишниот план вклучува лансирање само чисто електрични возила од 2026 година, што значи дека Aurelia и Delta најверојатно ќе бидат производи со погон на електромотори. Почнувајќи од 2028 година, Lancia ќе започне да продава само 100 проценти електрични модели, што сугерира дека дури и погонските единици со електрифицирано согорување ќе бидат укинати.

Одговорни за оваа нова стратегија ќе бидат пет новоназначени врвни менаџери во компанијата со нов бренд менаџер за Франција, Германија, Шпанија, Белгија и Луксембург и Холандија. До крајот на оваа деценија, Lancia сака да има околу 100 дилери околу 60 големи градови низ Европа.

Поврзани вести

Back to top button