fbpx

Lancia ќе прави хибридна верзија на Ypsilon

Fiat Panda и Fiat 500 веќе станаа хибриди, а истата судбина го очекува и единственото „преживеано“ супермини на Lancia

Претходно во текот на годинава, Fiat го претстави благите хибридни верзии на 500 и Panda. Европјаните ќе можат да уживаат во предностите кои ги носат овие мали градски автомобили со бенефитите на благите хибридни системи. Секако, не се заборава ниту на Lancia, односно Ypsilon, кој во голема мера е базиран на Fiat 500, со кого дели голем број компоненти. Со самото тоа, ниту овој модел не е исклучок кога станува збор за хибридизацијата.

Всушност, Lancia Ypsilon е механички идентичен на новите 500 и Panda хибриди. Трите автомобили се напојуваат со 1,0-литарскиот трицилиндричен бензински FireFly мотор кој испорачува 70 КС, кој доаѓа во комбинација со 12-волтен BSG електричен мотор. Електромоторот ја црпи својата енергија од малата литиумска батерија. Според Lancia, Ypsilon хибридниот модел ја намалува потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за 20 проценти споредено со обичната верзија на моделот.

Новајлијата веќе може да се конфигурира на италијанскиот сајт, бидејќи се продава исклучиво на тој пазар. Постојат три достапни погонски верзии – хибриден, бензински плус LPG и бензински плус природен гас.

Цената на Ypsilon Hybrid започнува од 14.450 евра, со сосема солидна опрема, која подразбира „сребрена“ боја, радио уред со контроли на управувачот, мануелен клима-уред, 15-инчни мат црни фелни и раздвоени задни седишта.

Поврзани вести

Back to top button