fbpx

Land Rover Defender може да добие чисто електрична верзија

Не е тајна дека следната година ќе видиме нова генерација на Land Rover Defender. Машината ќе има за цел да остане еден од најдобрите off-roader изведби на планетата

Машината ќе има за цел да остане еден од најдобрите off- roader изведби на планетата, но во исто време со своите поразлични модификации на кои сме навикнале, ќе се обиде да привлече сосема нови клиенти.
Еден од начините за постигнување на оваа цел е state of the art автомобилската технологија, која се применува во повеќе модели од гигантот, а според најновите информации, како изненадување може да следи и чисто електрична верзија. Веста не е официјална, но пристигнува од Motoring, кој се повикува на извор близок до компанијата. За жал, гласините не се придружени со повеќе детали за погонскиот систем.

Land Rover Defender

Land Rover Defender

Како што веќе стана јасно, производителот ќе се обиде да достигне годишна продажба од околу 100.000 единици. За да се постигне оваа амбициозна цел, брендот ќе понуди Defender во неколку различни верзии на каросеријата, а да не зборуваме и за најавата за пикап верзија. Гери Мекговерн, креативен директор на Land Rover, веќе призна дека возилото можеби нема да ги задоволи во целост старите конзервативни обожаватели на Defender и ќе тргне во освојување на нови фанови.

Според него, дизајнот на новиот Defender ќе биде модерен, отелотворувајќи ги сите карактеристики на британскиот производител што го прават препознатлив денес. Сепак, ќе има јасна „емотивна врска” помеѓу новиот модел и последниот Defender, вели Мекговерн. Наследникот на Defender, исто така цели на поголемо производство, бидејќи компанијата инвестираше многу во развојот на новиот модел.

Land Rover Defender

Претходно, компанијата објави дека генерацијата која ќе го наследи Defender ќе биде најтехнолошкиот модел на Land Rover. Ќе биде изграден на алуминиумската платформа, која е многу блиска до шасијата на Range Rover, Range Rover Sport и Discovery. Од нив ќе биде преземена и независната суспензија со челични пружини, а наследникот ќе вклучува 4- цилиндерски нови дизел и бензински, како и V6 мотори.

Поврзани вести

Back to top button