fbpx

Land Rover Classic го покажа Defender Works V8 Trophy

Land Rover Classic го претстави Defender Works V8 Trophy, а освен тоа што ова ќе биде ограничена серија од само 25 примероци, ова возило има и уникатна привлечност

Оваа верзија на култниот теренец е базирана околу Defender Works V8 моделот од периодот од 2012 до 2016 кој Land Rover Classic го развиваше, но сега пристигнува со еден куп унапредувања и подобрувања. Меѓу овие унапредувања се и 5,0-литарскиот атмосферски V8 мотор кој сега испорачува 404 КС и 515 Nm максимален вртежен момент и пристигнува со осумстепен автоматски менувач, погон на сите четири тркала и двобрзинска кутија за пренос.

Land Rover Classic ќе го понуди своето возило во 90 и 110 форма, но сите ќе бидат финиширани во уникатна нијанса на Easthor Yellow со контрастни Narvik Black акценти на сводовите над тркалата, хаубата и задната врата. Соодветни 16-инчни тркала исто така пристигнуваат како стандардни.

Други модификации кои се направени на возилото во однос на стандардниот Defender Works V8 вклучува и оф-роуд пакет со покривна шина, заштита за долниот дел од автомобилот, подигнати отвори за воздух, LED светла, гуми за калливи терени, предна макара и друго.

Во внатрешноста на Defender Works V8 Trophy се наоѓа црн Windor кожен тапацир со Recaro спортски седишта, контрастни жолти конци и специјално направен Land Rover Trophy часовник. Возилото исто така се одликува со Classic инфозабавниот систем на Land Rover Classic кој вклучува навигација и конективност со мобилен телефон.

Defender Works

Загарантирана авантура

„Land Rover Defender отсекогаш бил повеќе од само возило, станува збор за инженерска способност и прилагодливост за експедиции и натпреварувања на секако вид терени, што значи дека е препознатлив по својата умешност. Новиот Land Rover Trophy ќе го оживее сето ова за новата генерација на авантуристи. Искуствата се клучен дел од ДНК-та на Land Rover Classic и целиот овој концепт доаѓа директно од ‘фидбекот’ кој го добивме. Нашите клиенти сакаат да креираат свои приказни со нивниот Works V8 Trophy возила уште од првиот ден“, изјави Ден Пинк, директорот на Land Rover Classic.

Defender Works

Купувачите на ова возило кое е во ограничена серија ќе морат да издвојат 195.000 фунти во Велика Британија.

Поврзани вести

Back to top button