fbpx

Легендарната „Буба“ би можела да се врати како електрично возило

Volkswagen минатото лето се прости од моделот Beetle, или легендарната „Буба“, но изгледа дека тоа било само довидување, а не конечно збогум

Кога Volkswagen одлучи да стави крај на производството на легендарната „Буба“ минатото лето, откако го произведе последниот примерок во Мексико, легендарниот модел не беше дел од нивните планови за електрификација, но изгледа дека тоа се промени во меѓувреме.

Овој заклучок може да се извлече од фактот што Volkswagen поднел барање за регистрација на заштитниот знак e-Beetle во Европската канцеларија за интелектуална сопственост минатата недела, што во моментов се разгледува. Според информациите што се појавија на одредени форуми, овој заштитен знак може да се користи во речиси секоја сфера од автомобилската индустрија – од автомобили, до технологија и резервни делови.

Дали ова значи дека електричната „Буба“ наскоро ќе пристигне? Можеби, а и не мора да значи, бидејќи е честа појава меѓу производителите да регистрираат различни имиња и никогаш да не ги користат, што е тактика за спречување на конкуренцијата да го користи истиот назив, а Beetle е мошне важно име во историјата на компанијата.

Од друга страна, електричната „Буба“ би била идеален додаток во ID семејството. Би можела да биде поставена на MEB платформата, со што автомобилот ќе биде компатибилен со повеќе електрични мотори и батерии. Покрај e-Beetle, Volkswagen исто така поведе процес за заштитување на имињата како e-Golf Classic, e-Karmann и e-Kubel.

Буба

Поврзани вести

Back to top button