fbpx

Легендарниот DeLorean DMC-12 повторно ќе се произведува

Американската компанија која стои зад познатото име DeLorean најверојатно ќе започне со производство на модернизираниот DMC-12 веќе следната година

Еден од најпрепознатливите автомобили во поп културата, DeLorean DMC-12 од серијалот филмови „Back to the Future“, никогаш не престана да биде интересен за фановите. Новите регулативи во САД сега би можеле да овозможат по 40 години овој модел да добие освежена верзија.

Компанијата DeLorean Motor Company во 2016 година објави дека ќе произведе ограничен број на примероци на „новиот“ модел DMC-12 со користење на комбинации на модерни компоненти и залиха од остатоците од првиот модел, но тој проект застана. Сепак, по правниот процес би требало да дојде до производство во 2021 година.

DeLorean поради својата препознатливост е прилично популарен автомобил кој е посакуван за доработка или реставрација, но се чини дека сосема новата серија е на повидок. Новиот американски закон ќе им овозможи на малите американски производители на автомобили да произведуваат и да продаваат до 325 реплики од автомобили годишно, кои нема да мораат да ги исполнуваат најновите американски безбедносни прописи.

Новиот DeLorean ќе ја има истата каросерија како и моделот од осудмесеттите години на минатиот век. Стариот модел користеше 2,8-литарски V6 бензински мотор на Renault кој развиваше 130 КС и 207 Nm вртежен момент, а се шпекулира дека сега под хаубата ќе се наоѓа 3,5-литарски V6 мотор кој ќе испорачува 350 КС. Производителот на овој мотор засега не е познат.

DeLorean ја стекна својата слава во познатата филмска франшиза

DMC се надева дека неделно ќе произведува еден или два автомобили, а секој ќе чини околу 100.000 долари. Новиот модел ќе има унапредена шасија, нова технологија, внатрешност, систем на потпирање, кочници, светла, темпомат, серво управувач и клима-уред.

Овој модел својата слава ја стекна со појавувањето во култната филмска франшиза „Back to the Future“. DeLorean Motor Company е производител кој повеќе се прослави низ филмската франшиза отколку што тоа можеше да го постигне со своите достигнувања во производството на автомобили. Моделот DMC-12 влезе во легендите откако во 1985 година низ времето го возеше Marty McFly, а ниту сега, речиси 40 години откако прв пат беше направен, не ја загуби својата препознатливост токму благодарение на легендарниот холивудски филм.

Поврзани вести

Back to top button