fbpx

Летечкиот автомобил на SkyDrive со успешен човечки тест

Јапонската компанија SkyDrive ги комплетираше првите тестирања на нивниот „летечки автомобил“ со човечки екипаж

Возилото, кое попрецизно е опишано како eVTOL или Electric Vertical Takeoff and Landing возило наместо летечки автомобили, е изработено од страна на SkyDrive. За време на неодамнешните тестирања, возилото успеа да лебди неколку метри од земјата во времетраење од неколку минути пред нежно и внимателно да се спушти на земјата.

SkyDrive возилото е наречено Manned Machine SD-03 и користи осум пропелери и осум електромотори кои овозможуваат возилото да полета од земја.

SkyDrive

„Од повеќе од стотината проекти за летечки автомобили во светот, само многу мал дел успеале да ги минат тестирањата со човечки екипаж. Се надевам дека голем број луѓе ќе сакаат да се возат со ова возило и ќе се чувствуваат безбедно“, изјави Томохиро Фукузава од SkyDrive.

Фукузава исто така вели дека нивниот прототип може да лета само пет до 10 минути но вели дека доколку успеат да го продолжат времето на 30 минути, тогаш проектот ќе има потенцијал и ќе можат да го извезуваат надвор од Јапонија, пред се во Кина.

Секако, постојат голем број предизвици во комерцијализирањето на eVTOL возилата како што е Manned Machine SD-03, вклучително и воздушната сообраќајна контрола, големината на батериите и другите инфраструктурални работи.

„Многу работи треба да се случат. Доколку чинат 10 милиони долари, никој нема да ги купи. Ако летаат само пет минути, никој нема да ги купи. Ако сите паѓаат од време на време, исто така никој нема да ги купи“, вели коосновачот на Near Earth Autonomy, уште една компанија за летечки автомобили, Санџив Синг.

Sky Drive го започна својот проект во 2012 година и доби финансии од компании како Toyota, Panasonic, па и девелоперот за видео игри Bandai Namco. Исто така, неодамна доби 3,7 милијарди јени (околу 35 милиони евра) во последната рунда на финансирање, вклучително и од Банката за развој на Јапонија.

Поврзани вести

Back to top button