Lexus го најави новиот EV концепт и новиот Direct4 систем
Lexus силно влегува во сферата на електрификацијата, не само поради еколошки причини, туку и поради унапредување на перформансите и уживањето во возењето
Премиум производителот Lexus започнува со имплементација на новиот план за електрификација на своите возила кој вклучува унапредување на перформансите, управувањето, контролата и возачкото уживање. Како дел од оваа мисија, Lexus го претстави и Direct4 контролниот систем за електричен погон кој во иднина ќе се користи за сите хибридни и електрични возила.
Системот користи предни и задни електромотори кај електричните возила и „прецизно ја контролира испораката на вртежниот момент“ од секој од нив. Исто така, автоматски ја прилагодува испораката на моќност и може да се „прилагоди“ за да се совпадне со намерите на возачот.
Lexus не открива многу детали, но вели дека системот ќе биде интуитивен, високо респонзивен и ќе им овозможува на возачите „врвно чувство за целосна поврзаност со возилото“. Компанијата исто така вели дека ќе придонесе „идеален баланс на предвидливост и возбуда, со моќно, линеарно забрзување и одлично влегување во свиоците“.
Концептот ја најавува новата стилска насока на компанијата
Кај хибридниот електричен прототип, моделот може да транзитира од погон на предните до погон на сите четири тркала. Системот исто така може да оди од 50:50 распределба на вртежниот момент, до погон кој е 80 проценти насочен кон задните тркала. Ова овозможува возачки управливи карактеристики на возило со погон на задните тркала, а истовремено и стабилност од погонот на сите четири тркала.
Lexus исто така покажа и прототип за кросовер кој користи два електромотори каде секој од нив испорачува 204 КС и 300 Nm вртежен момент.
Покрај најавата на новиот Direct4 систем, Lexus покажа и мал поглед на престојниот електричен концепт, кој ќе биде претставен кон почетокот на следната година и ќе ја најави идната стилска насока на компанијата.
Иако тизерите не откриваат премногу, тие прикажуваат дека концептот ќе има тенки предни светла со остар стил како и осветлен Lexus беџ. Исто така може да се види и скулптурната хауба и целосно затворената решетка. Концептот исто така има и потенки задни светла.