fbpx

Lexus го освежи UX со нова технологија и F Sport Design опција

Најмалиот SUV во понудата на Lexus, моделот UX, добива нова технологија, подобрена управливост и нова F Sport Design верзија

Lexus одлучи да приготви серија освежувања за својот најмал SUV, моделот UX, кој пристигнува со најновата инфозабавна технологија и подобрување на системите за асистенција. Тука се и новиот F Sport Design пакет, заедно со подобрувањата на управливоста, како и серија на унапредувања на шасијата.

За разлика од повеќето ажурирања кои вообичаено се ограничени на нови нивоа на опременост, Lexus направи сериозни освежувања на UX. Покрај тоа што ја подобри структурната ригидност на возилото, марката го рекалибрираше електронското управување и амортизерите. Како резултат на сето ова, UX ќе добие пофина возачка динамика, подобра респонзивност при управувањето и подобрено управување во однос на актуелниот модел.

Нов софтвер за инфозабавниот систем

Низ фаза на подобрување помина и инфозабавниот систем, кој добива нов софтвер. Истиот пристигнува со стандардниот 8-инчен, или опционалниот 12,3-инчен екран на допир, со повисока резолуција од претходно и подобри карактеристики за конективност, нов гласовен асистент и достапна претплата за конектирани услуги. Централната конзола е редизајнирана со поголем простор за полнење на телефоните, LED осветлување, два USB портови и потсетник на старата подлога за допир и контролите за инфозабавата од централниот тунел.

Кога станува збор за системите за безбедност и асистенција, UX го наследува унапредениот Lexus Safety System+ 2.5 кој исто така се наоѓа кај поголемиот NX. Овој пакет е стандарден за освежениот модел и вклучува системи како што се Dynamic Radar темпоматот, асистенција за управување во итни случаи, асистенција за следење на коловозната лента и унапредениот Pre-Collision систем.

Lexus UX

F Sport Design носи неколку промени во дизајнот

Дизајнот на екстериерот на SUV моделот останува виртуелно непроменет. Сепак, како новитет пристигнува F Sport Design пакетот кој носи неколку визуелни промени. Пред се тука се истакнуваат пластичните заштити на сводовите на тркалата кои во овој случај се во боја на каросеријата, нов сет на 18-инчни тркала, нешто поинаква шема на предната решетка, F Sport браници, покрив и покривни шини во црна боја и месечев покрив.

Во внатрешноста, F Sport Design носи алуминиумски педали, прагови на вратите заедно со F Sport брендирани спортски седишта кои опционално можат да бидат со вентилација и греење, F Sport управувач и менувач. Уште поважно, овој пакет вклучува унапредување на шасијата со Active Variable Suspension системот и перформансните амортизери. Од Lexus велат дека оваа поставка на системот за потпирање нуди подобрена удобност при возењето и подобра респонзивност при управувањето.

Lexus UX

Погонската постава останува непроменета. UX 250h доаѓа со четвртата генерација на Lexus хибридната технологија, односно 2,0-литарскиот мотор со 184 КС, додека UX 200 се напојува со речиси идентична верзија на четирицилиндерскиот 2,0-литарски бензински мотор кој се користи кај хибридната верзија. Оваа погонска единица е препознатлива по својата исклучителна 40-постотна термичка ефикасност.

Поврзани вести

Back to top button