Lexus се откажа од хибридите во корист на електрични и водородни модели
Јапонскиот производител, Lexus, ќе се откаже од производството на хибридни модели во корист на возила со алтернативни горива
Ова беше објавено за Lexus од страна на претседателот на компанијата Ален Јутенховен, за изданието на Auto Express.
Lexus има намера да ги фокусира своите идни проекти на развој на моторите со внатрешно согорување, како и на електричните или водородните единици. Првиот модел на новата стратегија на брендот ќе биде водороден модел базиран на концептот LF-LC. Ќе биде целосно подготвен за во 2020 година, проследен со покомпактен модел и SUV на електрична енергија. Според Јутенховен, неговата компанија презема сличен потег, бидејки новите еколошки барања кои стапуваат на сила нема да бидат задоволени од моделите со хибриден погон.
– Доста бргу, задолжителните нивоа на CO2 ќе бидат во рамките на 75 g/km, што не е во моќта на чисти хибриди. Затоа треба да се фокусираме на Plug–in хибриди и електричните возила. Ние претпочитаме да го сториме второто, објасни шефот на Lexus.
Тој откри дека неговата компанија првично ќе инвестира во high-end модели, бидејки тие се веќе скапи, па интеграцијата на електричен мотор нема да влијае значително на нивната цена.