Lexus ќе ја лансира најновата автономна технологија следната година
Lexus најави претставување на својата автономна тегнологија од Ниво 2 и посочи дека се води кон електрифицирање на сите свои модели
За време на настан на кој ја слави својата 30-годишнина, Lexus откри дека работи на својот последен автономен возен систем, со намера да го претстави следната година.
Автономен возен систем од Ниво 2 на Lexus ќе биде дизајниран да работи “од влезот па се до излезот на автопатот” и најверојатно да вклучува систем за автоматска промена на лента или претекнување. Производителот интензивно ги тестира ваквите системи на патишта низ Јапонија и речиси е подготвен да ја направи оваа функција достапна за купувачите.
Покрај најавата за автономија, Lexus откри дека исто така работи на напреднување во поврзувањето на возилата, каде што неговите модели ќе можат да комуницираат со централизиран центар за податоци за информации за сообраќајот во реално време.
Движејќи се напред, компанијата посочи дека сите нивни модели ќе понудат некаков вид на електрифициран погон, како целосно електрични, хибриди, plug-in хибриди или опции за горивни-ќелии, при што ќе ги прилагоди погонските опции кон потребите на поединечните пазари.