Lexus подготви специјална Hokkaido верзија на LC за Европа
Lexus ја претстави новата специјална серија на LC во Европа наречена Hokkaido Edition
Новата ограничена серија на Lexus LC за Европа, која го носи името Hokkaido Edition, се одликува со специјални дизајнерски елементи и е наречена по островот Хокаидо – луксузна дестинација за патување во Јапонија која е позната по своите вулкани, планински шумски предели, Онсен бањите и прекрасните патишта.
Хокаидо островот исто така е дом и на Lexus Shibetsu погонот каде спортските модели како LFA и LC се развиени. Новиот Lexus LC Hokkaido е достапен во купе и кабрио верзија. Визуелно може да се разликува благодарение на 21-инчните тркала од лесна легура, црниот финиш на решетката и хромираните елементи, како и сет на нови задни светла. Моделот е ексклузивно достапен во Flare Red, Sonic Platinum, F White и Graphite бои додека LC во кабрио изведба е достапен со црн или црвен мек покрив.
Во внатрешноста е применет двобоен третман со темно црвени и црни нијанси. Покрај црвениот тапациран централен тунел и централна конзола, вратите и контролната табла од страната на возачот е финиширан во црвена боја, додека остатокот од ентериерот е црн за прекрасен асиметричен ефект. Изборот на боите е инспириран од вулканската природа на Хокаидо регионот, а присутна е и нумерирана плочка која потсетува на тоа дека моделот е дел од ограничена серија.
Купувачите ќе можат да го добијат Lexus LC Hokkaido со хибриден V6 или V8 мотор, исто како и „обичниот“ LC. LC 500h е опремен со 3,5-литарски V6 и два електромотори кои испорачуваат вкупно 359 КС и 500 Nm максимален вртежен момент. Помоќниот LC 500 е опремен со природно аспириран 5,0-литарски V8 агрегат кој испорачува 477 КС и 540 Nm.
Производството на LC Hokkaido е ограничено на 40 купе и 40 кабрио модели за 2022 за Европа, а продажбата започнува во април оваа година.