fbpx

Lexus најавува RX Sport за Европа

Lexus објави дека во февруари следната година во Европа ќе стартува со продажбата на новата верзија Sport на моделот RX

Меѓу главните новини кај верзијата Sport се црните екстериерни акценти, 20-инчни алуминиумски тркала, специјална предна решетка, нов заден дифузер и светла за магла со нови рамки. Од Lexus потенцираат дека верзијата RX Sport ќе биде достапна за сите моторни модификации во палетата на RX, вклучувајки ја и неговата хибридна опција. Независно од изборот кој ќе го направат идните сопственици на возилото, тие ќе можат да си „дозволат“ автоматски диодни предни светла, висококвалитетен текстилен или кожен тапацир, луксузен аудио состав на Pioneer, 8 или 12,3-инчен Lexus Media Display…

RX Sport
Од лансирањето на RX на европскиот пазар, Lexus реализира повеќе од 234.000 единици. Актуалната, четврта генерација на моделот, беше воведена на пазарот во крајот на 2015 година и е достапна за купување во верзија хибрид RX 450h, RX 300 со дволитарскиот бензински мотор со 238 коњски сили и RX 350 со V6 бензински агрегат со 300 КС.
RX Sport

Поврзани вести

Back to top button