fbpx

Lexus со специјално издание на LC 500

Lexus штотуку лансираше ново специјално и ограничено издание на своето луксузно купе LC 500, именувано како Inspiration Series

Специјалното издание на јапонското купе однадвор е веднаш препознатливо по двотонските 21-инчни алуминиумски фелни, како и својата впечатлива Nori Green Pearl боја, која е ексклузивна за LC 500 Inspiration Series.

Внатрешноста исто така добила низа измени кај оваа издание, добивајќи и дво-тонска шема на бои, односно комбинација на кафена нијанса и алкантара кои го истакнуваат нивото на луксуз на овој Lexus. Дополнителен контраст е обезбеден со црните кожни завршетоци по инструмент таблата, централната конзола, вратите и управувачот со кафени шивови.

LC 500

LC 500 Inspiration Series е погонуван од истиот 5,0 литарски V8 мотор, кој испорачува моќност од 471 коњски сили и вртежен момент од 540 Nm, насочени кон задната оска преку десет-степен автоматски менувач и диференцијал со ограничено лизгање. Како и стандардната варијанта, специјалната едиција на моделот достигнува брзина од 100 km/h за време од околу 4,5 секудни, со максимална брзина од 270 km/h.

Специјалниот LC 500 Inspiration Series е ограничен на 100 единици, а на европскиот пазар ќе се појави во октомври.

Поврзани вести

Back to top button