fbpx

LG и Magna ќе го прават автомобилот на Apple

Компаниите LG Electronics и Magna International ќе започнат заеднички потфат по што ќе потпишат договор со Apple за производство на нивниот автомобил

Шпекулациите поврзани со електричниот автомобил на Apple навистина се вжештија изминатите месеци. Првично се појавија гласини дека технолошкиот гигант постигнал договор со Hyundai, но од тоа нема ништо. Сепак, според најновите извештаи, дека заедничкиот потфат на LG и Magna е многу блиску до постигнување договор со Apple.

Korea Times пренесува дека компаниите LG Electronics и Magna International, односно нивниот заеднички ентитет под името LG Magna e-Powertrain, ќе биде задолжен за производство на електромотори, инвертери и полначи за возилото. Иако можеби звучи ненадејно што Apple сака да потпише договор со LG и Magna, сепак американскиот технолошки гигант има долга и успешна соработка со LG, со оглед на тоа дека корејската компанија го снабдуваше производителот на паметни телефони со LED екрани.

Magna исто така е еден од водечките „наемни“ производители во автомобилската индустрија и во моментов има договор за производство со BMW, Daimler и Jaguar Land Rover, односно за Mercedes-Benz G Класа, Toyota Supra, BMW Серија 5 и Jaguar I-Pace.

„Со оглед на тоа дека LG Групацијата, односно LG Display, LG Chem, LG Energy Solution и LG Innotek веќе се вклучени во ланецот на добавување на Apple, американската компанија не мора да се грижи околу ваквите проблеми. Овие компании на LG се квалификувани да гарантираат производствени количини и побрза достава на делови потребни за електричните автомобили на Apple“, вели анонимен извор за Korea Times.

Договорот со Apple би можел да дојде во вистински момент за LG кој неодамна најави дека максимално ќе се фокусира да ги исполни барањата на инвеститорите кон бизнисот со производство на компоненти за автомобили.

Поврзани вести

Back to top button