fbpx

Лифтбек изведбата на Peugeot 508 поевтина од Volkswagen Arteon

Французите објавија дека продажбата на новата генарација на Peugeot 508 во Европа дефинитивно започнува во септември, а неговата цена за локалниот пазар, на стартот ќе биде 32.300 евра

Деби на втората генерација Peugeot 508 се одржа на автомобилскиот салон во Женева. Моделот е изграден на платформата EMP2, а беше претворен од седан во лифтбек со врати без рамки. Петвратниот модел ќе се произведува во фабриката на PSA во Милуз, во Франција, каде се составува и кросоверот DS 7 Crossback. Алијансата соопшти дека цените за останатите земји ќе бидат објавени подоцна.

Во Франција, лифтбек варијантата ќе биде достапна со сите мотори предвидени за моделот. Новиот 508 има четири нивоа на опрема: Active, Allure, GT Line и GT. Најевтината верзија е 1.5-литарски BlueHDi со моќност од 150 КС и 6-брзински мануелен менувач, а цената како што веќе истакнавме започнува од 32.300 евра. Верзијата со истиот мотор, но со новиот 8-брзински автоматски менувач, ќе стартува од 34.100 евра.

Peugeot 508

Цената на новиот Peugeot 508 со 2.0-литарски BlueHDi, 160 КС и 8-степен автоматски менувач, тргнува од 38.800 евра, а истиот мотор, но 20 коњи повеќе, ќе се нуди од 43.300 евра. Лифтбекот со бензинскиот 1.6 PureTech со моќност од 180 коњи и 8-степена транмисија ќе чини најмалку 34.600 евра, а верзијата со истиот мотор со моќност од 225 КС ќе е достапна само во врвната GT верзија, со цена од 46.000 евра.

Главниот конкурент на Peugeot 508, моделот Volkswagen Arteon, чини поскапо во Франција. Корисниците треба да платат најмалку 38.250 евра за верзијата со бензински мотор 1.5 TSI (150 КС) и 6-брзински мануелен менувач. Самите Французи го споредуваат Peugeot 508 со модели како Audi A5 Sportback и BMW 4 Series Gran Coupe. Во Франција првиот чини 39.760 евра (моќната 150 КС верзија 1.4 TFSI и S tronic), а цената на Баварецот со 2.0-литарска дизел модификација со иста моќ и рачен менувач е 40.600 евра.

Peugeot 508

Треба да се напомене дека, сепак, кај двата германски моделот има верзии со погон на сите четири тркала, додека францускиот автомобил е само со преден. Основната варинт на Peugeot 508 вклучува: шест воздушни перничиња, двозонски клима уред, виртуелен инструмент панел, мултимедијален систем со 8-инчен екран на допир, контрола на крстарење со ограничувач на брзината, 16 или 17-инчни тркала, автоматски систем за нагло сопирање и предупредување за напуштање на лентата на движење.

Топ верзијата се предлага со целосна LED оптика, кожен ентериер Nappa, 18-инчни тркала, адаптивни суспензија, предни седишта со функција за масажа, мултимедијален систем со 10-инчен екран на допир, безжично полнење на паметни телефони, аудио Focal. Системот за ноќна визија е достапен на дополнителни трошоци.

Peugeot 508

Од март, Европејците успеаја да нарачаат ограничено издание. Оваа опција е направен врз основа на топ верзијата GT, а особеностите му се црна решетка на ладилникот, 19-инчни тркала и елементи во ентериерот од алкантара, кожа и дрво.

Peugeot 508 First Edition доаѓа со најмоќните верзии на моторите 1.6 PureTech и 2.0 BlueHDi, а цената започнува од 48.750 евра.

Peugeot 508

Поврзани вести

Back to top button