Ligier ќе направи специјална верзија на Mustang
Француската компанија Ligier, која беше многу позната кога имаше тим во Formula 1, објави нов модел
Според фотката од ова издание може да се претпостави дека станува збор за сериозно модифицирана верзија на Ford Mustang, а францускиот модел ќе биде посветен на 50-годишнината на моделот. Ligier планира да ја произведе својата верзија на Mustang заедно со долгогодишниот партнер Onroak Automotive.
Автомобилот ќе се напојува со 3.7-литарски V6 мотор со моќност од 335 КС, мотор кој претходно се користеше во оваа креација. Се претпоставува дека ова остварување на Ligier ќе се појави оваа есен на Парискиот саем за автомобили. Неговата цена ќе започне на 89.000 евра. Секако, автомобилот, исто така, ќе има тркачка верзија, со хомологација која покажува дека е автомобил со четири седишта.