fbpx

Liqui Moly топ бренд по 10-ти пат според германските читатели

Германските читатели повторно го дадоа својот глас и го направија својот избор - Liqui Moly е број еден кога станува збор за моторните масла

Германскиот бренд за моторни масла, Liqui Moly, за прв пат беше избран за топ бренд во 2011 година, и оттогаш па наваму, 10 години по ред се наоѓа на врвот.

„Звучи чудно, но не можете да се навикнете на ваква награда, туку напротив. Да бидете избрани десет пати по ред од германската јавност и читателите е нешто што не прави особено горди. Благодарност до оние кои веруваат во нас и гласаа за нас“, изјави генералниот директор Гунтер Хирмаер.

Овој пат, околу 650.000 читатели на автомобилскиот магазин Auto Zeitung гласаа за избор на најдобри брендови во автомобилскиот сектор. Liqui Moly и во делот на производи за одржување и нега на возилата го освои високото второ место.

Една работа е сигурна, како што велат од германската компанија, без оглед на сегментот во кој произведува, Liqui Moly ќе продолжи да прави се што е во негова моќ за да ја одржи високата доверба и задоволство на клиентите.

Поврзани вести

Back to top button