fbpx

Листа на финалисти за Автомобил на годината 2019 во Европа

Жирито на конкурсот за Автомобил на годината во Европа објави финален список на номинираните кандидати кои ќе борат за престижната награда за 2019 година

Финалната листа на натпреварот е формирана од Alpine A110, Citroen C5 Aircross, Ford Focus, Jaguar I-PACE, Kia Ceed, Mercedes A-Class и Peugeot 508. Конечното гласање за одредувањето на победникот на конкурсот за Автомобил на годината 2019 во Европа ќе се одржи во март следната година, а неговото име ќе биде објавено за време на меѓународниот саем во Женева.

Се уште актуелен носител на наградата Автомобил на годината на Европа е Volvo XC40, кој во почетокот на март оваа година успеа да се справи со исклучително тешката конкуренција од страна на Alfa Romeo Stelvio, Audi A8, BMW 5 Series, Citroen C3 AirCross, Kia Stinger и Seat Ibiza.

Поврзани вести

Back to top button